nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1632, 01.04.2009





     

ИСТОРИСКА КОНСТРУКЦИЈА „МЕЈД ИН ЈУРОП“
Од Косово до Финска идентични национални митови

Националната историја на сите европски земји, од Косово до Финска, е кована според истата матрица: сите имаат мрачно доба, заколнати непријатели и „само свој, посебен пат“. Националната историја, во најширока смисла на тој збор, е историска конструкција. Ова се некои од заклучоците од големиот истражувачки проект на швајцарскиот научник Гај Маршал, кој со уште 200 историчари, пет години работеше на компарација на спецификите на националната историја на европските народи. Резултатите говорат дека сите држави, од Португалија до Украина и од Шведска до Бугарија, го следат истиот модел на создавање на своите национални приказни. Според Маршал, на сите народи им бил важен митот за своето потекло и основањето на државата, а особено им било значајно тој момент да биде сместен во што подалечно минато. Исто така, сите народи речиси идентично ги опеваат племињата од далечното минато од кои божем почнала нивната национална историја. Слични модели се појавуваат и при составувањето на пантеонот на националните херои, при што, констатирале истражувачите, колективната фантазија посегала по се што и се нашло на дофат. Една од средишните константи на големите национални приказни е и заколнатиот непријател, кој неретко е претставуван како декадентен или феминизиран слабак. За конструирањето на националната историја, вели тимот на Маршал, карактеристична е и поделбата на мрачно доба, ера на процут и време за залез, поделба направена слично на човековиот живот. Според истражувачите, причината за сличноста во националната историја на Европејците, е тесната поврзаност меѓу настанувањето на националните држави и времето на пишувањето на нивната историја. И двете, и модерната национална држава и историјата како модерна наука, настанале на преминот од 18 и 19 век. Историчарите, сепак, констатираат дека големите национални приказни немаат врска со историската реалност. Но, овие приказни продолжуваат да се развиваат и да го живеат својот живот сосема одвоено од историската наука, и тоа најчесто преку популарната култура, а особено преку програмите на конзервативните политички партии. Силата на нивното влијание на свеста на луѓето е поголема или помала во зависност од земјата или регионот во кои настанале. Според раководителот на проектот, Штефан Бергер, истражувањето значи будење алармантна количина скепса во однос на секое пишување на националната историја. Бергер вели дека е сосема точен фактот дека националната историја имала одредена еманципаторска улога во борбата за човековите права и слободи. Сепак, според него, вкупниот биланс останува негативен бидејќи националните историски конструкции пречесто служеле за правдање на употребата на сила, геноцид и војна. Во 20 век се чини дека националната историја се темел на сите фашистички и авторитарни режими, порачаа научниците.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

БЕРЛИНСКИОТ ЅИД ПОВТОРНО ПАЃА
Уништен бакнежот на Брежњев и Хонекер

КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР
Промоција на „Превид“ од Тања Урошевиќ

ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД СИ ГО ПРАВИ СВОЕТО
Уживаме во театар со најевтини билети во регионот

ПРОМОЦИЈА
Шестата книга за Потер на македонски

ИЗЛОЖБА ВИ БИТОЛСКА „МАГАЗА“
„Приватен хотлајн“ на Стојан Ѓуриќ

  





Приказни што не се продаваат




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes