nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1676, 21.05.2009





     

ОСТАНКИ СТАРИ 47 МИЛИОНИ ГОДИНИ
Претставен фосил на примат „алката што недостига“

Одлично сочувани останки од суштество слично на лемур, старо 47 милиони години, кое се смета за близок роднина на предокот на мајмуните и на луѓето, во вторникот беа претставени пред јавноста на церемонија во Њујорк. Фосилот пронајден во Германија е толку добро сочуван што може да се види отпечатокот од неговото крзно, па дури и остатоците од неговиот последен оброк, кои содржат растителни семиња и лисја. Тоа е најкомплетен фосил на примат што е досега пронајден (недостига само дел од едната нога “ потколеница) и се верува дека со неговото проучување ќе се дознае многу повеќе за еволуцијата на приматите. Норвешкиот палеонтолог Јорн Хурум, кој го предводи тимот научници што во текот на последните две години го анализирале фосилот, вели дека овие животни личеле на некои од најстарите предци на луѓето, но дека, најверојатно, не е директен предок. - Немаме работа со нашата пра-пра-пра-прабаба, туку, најверојатно, со пра-пра-пратетката “ објаснуваат експертите. Приматот, наречен Ида, се смета за „алката што недостига“ меѓу денешните високоразвиени примати “ мајмуните, човеколиките мајмуни и човекот и нивните подалечни роднини. Целото животно, од муцката до врвот на опашката е долго 60 сантиметри. Се работи за женка, која умрела пред да наврши една година. Нејзиниот вид е наречен дарвинус масиле, во чест на научникот Чарлс Дарвин, најпознат по неговата теорија за еволуцијата на видовите, но го добила прекарот Ида. Ида беше претставена на свечена церемонија во Американскиот музеј за природна историја во Њујорк. Иако деталите за фосилот досега беа објавени само во научното списание „Плос уан“, веќе се направени документарен филм и е напишана книга. Ида е откриена во 1983 години во пештерата Месел Пит, во близина на Дармстад, Германија. Фосилот бил чуван како дел од приватна колекција се до 2006 година, кога му бил продаден на Универзитетот во Осло. Ида се поврзува со човечките предци по една коска во нејзиниот зглоб, кој има ист облик како истата коска кај луѓето. Научниците, исто така, тврдат дека нејзините одделени палци и нокти, кои не личат на канџи, сугерираат дека се работи за примат. Сепак, некои експерти, кои чекаат можност допрва да го испитаат новиот фосил, се скептични во врска со тврдењата дека се работи за далечен роднина на денешните развиени мајмуни и луѓето. Но, испитувањата се далеку од завршени. Моментно, научниците планираат да направат тридимензионална реконструкција на зглобот и на стапалото на Ида, која ќе покаже дали имаат антропоидни карактеристики.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ЗАВРШИ ПОСЛЕДНАТА МИСИЈА ЗА ПОПРАВКИ
„Хабл“ повторно ослободен во вселената

СИЛНА КАМПАЊА ЗА „КУМО“
Новиот пребарувач ќе излезе следната недела

ПОРАДИ НЕДОВОЛНО САТЕЛИТИ
ГПС може да откаже в година

  

    


Проѕирен маневар




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes