|
ПРВА ЛИГА, 13 КОЛО
Фени триумфално низ Вардар
Фени индустри без поголем проблем успеа да слави на гостувањето кај Вардар 2000 со 94-77. Кавадарчани по 13 кола имаат скор од 10 победи и два порази, со што се наоѓаат на втората позиција на табелата, веднаш зад лидерот Вардар осигурување, кој има перфектен скор 11 триумфи од 11 меча. Дилемите за победникот беа решени во првата четвртина, која Фени И. ја реши во своја корист со 25-9 и до крајот рутински ја одржуваше предноста. Најпрецизен на мечот беше бекот на Фени, Владимир Поповиќ со 25 постигнати поени, од кои дури 21 беше од зад линијата за три поени. Кај домашниот тим, најрасположен за игра беше Немања Илиќ со 15 поени. Овче Поле во дуелот со Плејмејкер Кубус ја забележа петтата победа во 12 меч откако славеа со 64-61. Играч на натпреварот беше Слободан Михајловски со дабл-дабл учинок од 18 поени и 12 скока.
|