|
ВО УЧИЛИШТАТА ВО КИСЕЛА ВОДА
Прирачници за настава во 21 век
„Прирачник за настава и учење во 21 век“ е донацијата од УСАИД, наменет за наставниците и за воспитувачите во сите осум основни училишта во општина Кисела Вода. Целта на прирачникот е на сите што се директно вклучени во образовниот процес да им помогне да ги разберат промените што се случуваат во образованието и полесно да се приспособат на барањата на новите наставни планови и програми, новата наставна методологија и воведувањето на новата технологија во училиштата. Прирачници ќе добијат сите наставници, директори на училишта, советници, стручните служби во Секторот за образование на општината, а истиот ќе може да се искористи како релевантен стручен материјал кој може да помогне во претстојните промени во развојот на училиштата за да одговорат на потребите на 21 век. Истовремено, овој прирачник може да послужи и да се искористи за професионално самопроценување и вреднување на напредокот на училиштата, велат од Кисела Вода.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|