|
ПРЕД ЗОИ ВО КАНАДА
Пофалници за армиските олимпијци
Војниците Дарко Дамјановски и Ѓорѓи Ицоски, кои ја исполнија олимписка норма за учество на Зимските олимписки игри во Ванкувер, Канада, вчера добија пофалници и плакети од министерот за одбрана Зоран Коњановски. - Сон и врв на секој спортист во кариерата е да биде дел од големото олимписко дружење. Затоа од име на вработените во Министерството им честитам за успехот на припадниците, кој значи многу за Македонија - рече Коњановски. Дамјановски ќе учествува на 15 километри нордиско скијање, кое ќе се одржи на 15 февруари. Ицоски, кој има освоено трето место на Европското првенство во биатлон, како и првото место на Балканот во нордиско трчање, истакна дека за првпат во историјата на зимските спортови во Македонија се исполнети олимписките норми за учество на ЗОИ. Олимписките Игри во Ванкувер ќе се одржат од 12 до 28 февруари.
|