nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1889, 08.02.2010





     

КОНЦЕСИЈАТА НА ПАТИШТАТА ГИ ОДЛОЖИ ПРОЕКТИТЕ
Водените лудории во фиока

Македонија ќе почека уште некоја година за да добие вистински забавен или воден парк, каков што имаат европските и земјите во соседството. Проектот на Министерството за економија за изградба на објекти за разонода на патниците по македонските патишта е одложен поради јавниот оглас за давање на коридорите под концесија на Министерството за транспорт и врски. Македонските автопатишта многу пати се критикувани дека не нудат содржини кои би можеле да ги привлечат патниците што транзитираат низ територијата на нашата земја да застанат и да потрошат некое евро повеќе. - Проектот е доставен до Влада. Треба да се направи добра анализа за тоа каде најмногу поминуваат странски автомобили. Се уште размислуваме дали парковите треба да ги изгради приватниот сектор или, пак, државата. Планирано е изградба на класични базени и на базени за водени лудории, повеќе мотели и ресторани, нови бензински пумпи и паркинг-простори по должината на коридорите 8 и 10 и“8211; вели Исмаил Ебипи, шеф на кабинетот на министерот за економија. Паркови кои ќе нудат целодневна забава во комплекс со барови и ресторани се потребни и за развој на туризмот во земјава, апелираат туристичките работници. Меѓутоа, тие предупредуваат и на скапата инвестиција за изградба на ваков комплекс, кој, според некои пресметки, би чинел околу 30 милиони евра. - Дефинитивно е потребен забавен парк, особено воден парк во летните туристички дестинации. Хотелиерите треба да понудат поголеми содржини, но тоа се големи инвестиции и тие се задоволни со тоа што го имаат и“8211; вели Зоран Стрезовски, претседател на Агенцијата за развој на туризмот. За разлика од кај нас, Србија, Бугарија и Турција на огромни површини имаат изградено забавни и водени паркови со различни видови забава за целото семејство. Тие од нив заработуваат милиони евра годишно. На брегот на Црно Море, Бугарите имаат можност да уживаат во голем воден парк со повеќе од 12 тобогани, голем број обични и базени со бранови, неколку барови, ресторани и многу начини за целодневна забава. Меѓутоа, ваква забава не нудат само местата кои излегуваат на море, туку нив ги има и во центарот на градовите, како што се Љубљана и Сараево. љ


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:


„Заборавени“ пари

  

    


„Заборавени“ пари




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes