|
ЗОИ без снег?!
Топлото време им создаде непланирани проблеми на организаторите на 21. Зимски олимписки игри во Ванкувер. Невообичаено за ЗОИ, уште повеќе за Канада, на домаќините им недостига снег, па на патеките тој беше транспортиран со хеликоптери и со камиони. Патеката во Вистлер, на која ќе се возат алпските дисциплини, домаќините дополнително ја зацврстуваа со вода. Тоа беше направено по сугестија на Меѓународната скијачка федерација (ФИС) за да може патеката подобро да го издржи топлото и врнежливо време. Дел од скијачите не се воодушевени од таквите интервенции бидејќи сметаат дека ледената подлога може да биде многу опасна и да предизвика повеќе падови и повреди.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|