|
ЧЕШКА
Просечната плата 907 евра
Просечната месечна заработка во Чешка во минатата година изнесувала 23.598 круни (907 евра) и во споредба со 2008 година бележи пораст од четири проценти, односно 35 евра. Според податоците на Чешкиот завод за статистика, во последниот квартал просечната месечна бруто-плата се зголемила за 5,2 проценти, а нето-платата за 4,8 проценти. Платите во текот на целата година растеле и во стопанската и во нестопанската дејност. Конкретно, во нестопанскиот сектор просечната годишна заработка се зголемила за 4,7 проценти, а во стопанскиот за 3,8 проценти. Инфлацијата во февруари годинава е забавена на 0,6 проценти во споредба со јануари, кога изнесуваше 0,7 проценти, а индустриското производство во јануари на годишно ниво бележи зголемување од 5,3 проценти.
|