nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1915, 10.03.2010





     

КОЈ ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ ВОДСТВОТО ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?
Хрватска и Србија во трка за економско лидерство

Хрватска со право може да се нарече економски лидер на Западен Балкан, иако и тамошните економисти веруваат дека Србија во иднина може да стане регионален економски центар. Клучната предност на Хрватска во однос на Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и на Албанија е што таа е најблиску до членството на ЕУ, а интересно е дека односот на силите е сличен како пред 20 години, кога сите овие земји, со исклучок на Албанија, биле под една капа. Александар Милорадовиќ, претставник на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз (СИЕПА), за „Блиц“ вели дека во услови на криза се покажало дека Србија има една од „најжилавите“.
- Дури и словенечката економија, која е дел од европскиот систем, имаше поголем пад на домашниот бруто-производ. Исто така, ние сме и единствена земја во регионот што има колеблив девизен курс, поради што овие настани на подолг рок ни ја зголемуваат конкурентноста. Сепак, лидер е дефинитивно Хрватска, иако ние, можеби, имаме подобра перспектива - истакнува Милорадовиќ. Лиљана Веисбарт, претседателка на управата на здружението „Веисбарт и партнерите“ од Хрватска вели дека во регионот нема вистински лидер, туку само можни кандидати. - Тоа можат да бидат само Хрватска и Србија, другите земји според степенот на развојот и на големината на економијата се значително зад нас. Факт е дека Хрватска има драстично поголем БДП, но финансиските институции за Србија прогнозираат повисока стапка на пораст во иднина. Мислам дека Белград поради својата големина има шанса да стане место во кое се или ќе бидат сместени регионални центри и претставништва на глобални компании - уверена е Веисбарт. Меѓутоа, факт е дека на последната листа на конкурентноста на Светскиот економски форум минатата година, Србија падна за осум места. Хрватска стандардно беше многу понапред, но затоа, спротивно на практиката, Македонија изби три места пред Србија, исто како и Црна Гора. Назад останаа Босна и Албанија. Млаѓен Ковачевиќ, редовен член на Академијата на економски науки тврди дека Србија, во споредба со соседните земји, пред 20 години имала многу подобра перспектива, но не ја искористила. Концептот на реформите бил целосно погрешен, верува тој. - Пребрзото отворање кон светот и либерализацијата на увозот се клучни дефекти на тукашните реформи. Мислевме дека е добро по секоја цена што побрзо да се отвориме, дека со тоа побрзо ќе влеземе во ЕУ, но тоа само го уништи домашниот извоз. Ние имаме прсосечни царински стапки од 4,5 проценти, што е на ниво на најразвиените земји во светот, за земјите од соседството и да не говорам. Тоа го убива домашниот производ. Па, една Австралија има просечна стапка од осум проценти - објаснува Ковачевиќ. Земјоделството беше српски адут пред 20 години, додека Хрватска доминираше во туризмот. Пред распаѓањето на Југославија, Словенија беше прва во извозот на стока, а Хрватска во извозот на услуги. Интересно е дека Босна и Херцеговина имаше значителен извоз и во стока и во услуги.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ЧЕШКА
Просечната плата 907 евра

СЕ РАЗОРУВААТ ПРОТЕСТИТЕ
Институциите во Грција запреа со работа

ГРАЃАНИТЕ ЧЕКААТ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА И ПОЕВТИНИ СТАРИ АВТОМОБИЛИ
Затаи регистрирањето возила

ЗГОЛЕМЕН ОБЕМОТ НА РАЗМЕНА СО СТРАНСТВО
Челикот го јакне македонскиот извоз

  

    


Посилна од законот




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes