|
ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА
Повисоки цени на индустриски производи
Цените на индустриските производи во февруари годинава во однос на истиот месец лани се повисоки за 7,4 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред се, на зголемените цени во групите енергија за 24 проценти и капитални производи за 0,1 процент. Цените на производителите на индустриски производи во секторот вадење руди и камен во февруари годинава, во однос на февруари лани, е понизок за 0,8 проценти. Во секторот преработувачка индустрија цените се повисоки за 6,7 проценти, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода за 11,2 проценти. Во февруари оваа година во однос на истиот месец лани цените во групата елементи и материјали за вградување во градежништво се повисоки за 1, 2 проценти.
|