nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1916, 11.03.2010





     

МНОГУ ДАВАЧКИ ГИ ПОСКАПУВААТ СТАРИТЕ УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА
Најпосакуваните автомобили меѓу пет и шест илјади евра

Еден месец лежарина за едно возило чини 50 евра. Во моментов повеќе од 1.000 увезени половни возила во јавните царински складишта низ земјава ги чекаа законските измени за акцизата што вчера поминаа на собрание, па да ги почнат царинските формалности. Увозниците се сомневаат во најавите од Владата дека увозот по новите услови ќе почне по 15 овој месец и калкулираат дека тоа нема да се случи пред први април, па за некои автомобили за лежарина ќе се платат и повеќе од 100 евра, кои ќе влезат во продажната цена.
Увозот на стари возила почна уште пред собраниските процедури за намалување на давачките, веднаш по сигналот од Владата дека дополнително ќе го либерализира и ќе го поевтини. Во меѓувреме, сопре продажбата на стари, но и на нови автомобили. Во овој вакуум-период увозниците веќе го испитаа пазарот и ги пресметаа цените, па информираат дека ќе останат разочарани граѓаните што мислеле дека за две до три илјади евра, сума на која не се плаќа акциза, ќе си обезбедат добар автомобил.
- Најбарани и најувезувани во овој период се германските возила стари девет-десет години. Тоа се „голф 4“, ауди А4“, некои модели на „БМВ“. Кога ќе се платат сите давачки и ќе се изнесат на плацот за продажба, овие возила ќе имаат цена меѓу пет и шест илјади евра, што е помалку од порано, но и над очекувањата на купувачите - вели еден увозник на половни автомобили.
Тој објаснува дека вкупните давачки за едно увезено половно возило надминуваат и две илјади евра. Транспортот на еден автомобил од Германија или од Италија, од каде што најмногу деновиве се носат возилата, чини 500 евра, царинското складиштење за еден месец е 50 евра, за хомологација се плаќа 100 евра, уште толку за атест, царинската декларација шпедитерите ја наплатуваат 50 евра, а на ова се додаваат уште 600-700 евра царина и акциза и плус заработката на увозникот.
Измените на законите за царина и за акциза се во собраниска процедура, а, според најавите од Министерството за финансии, треба да се донесат наскоро, до средината во месецов, и да стапат во сила веднаш по донесувањето. Според предложените измени на Законот за царини, оваа давачка за возилата произведени надвор од Европската унија се намалува од 10 на пет проценти, а на тие од ЕУ од два проценти на еден процент. Кај акцизата има поголеми поместувања бидејќи се менува методологијата на пресметка на тој начин што давачката не се пресметува според јачината, туку според вредноста на возилото. Така, возилата со цена до три илјади евра се ослободени од плаќање акциза. За автомобили од 3.000 до 4.000 евра се плаќаат 20 евра, за возилата со цена од 4.000 до 5.000 евра - 50 евра, за тие до 6.000 евра - 90 евра и скалата се зголемува до 6.300 евра акциза за возилата со вредност поголема од 30.000 евра.

С.В.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИ
Студот го поскапи зеленчукот

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ОЧЕКУВААТ НАПЛИВ НА ГОСТИ
Снегот ја продолжи сезоната за скијање

ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА
Повисоки цени на индустриски производи

КОИ ИНВЕСТИЦИИ ГИ ОЧЕКУВАМЕ ГОДИНАВА?
„Шише џам“, „Агрокор“ и „Тривју“ подготвуваат терен

ПОРАДИ ПРАЗНИОТ БУЏЕТ И МИНИСТРИТЕ ВО ВЛАДАТА НЕ ЗЕМАЛЕ ПЛАТА
Остваруваме, ама без пари

ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ
Ќе возат и приватни товарни возови

  

    


Пинг-понг градоначалник




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes