|
ГОЛЕМА ДРАМА ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА АЕРОДРОМ
И по цена на животот не ја даваа бараката
Со нож свртен кон своите гради Лора Мицевска и нејзиното тричлено семејство, меѓу кои и нејзината малолетна ќерка, се обидоа да ја спречат полицијата, која вчера претпладне дојде со налог да ја исели од воената барака, која државата пред 10 месеци му ја доделила на друг човек. Во бараката на Трајан Мицевски пред 15 години живеел неговиот вујко, кој се иселил, а тој и неговото семејство останале да живеат. Пред една година им стигнале решение да се иселат, а државата им дала една година за да се иселат. Но, откако вчера дошла полиција, семејството Мицевски не можело да поверува што им се случува. Пред полицајците, соседите и своите најблиски прв даде отпор Трајан Мицевски, кого успееја да го смират и го приведоа дури пет полицајци. - Ќе направам беља луѓе, ќе се запалам, жими се најмило. Бегај! Бегај од мене! Знаеш ли што ми направи? Тргни се! - викаше Трајан Мицев. Ќе се убиеме ако не иселите од нашиот дом, врескаа вчера членовите на семејството Мицеви во очај и сакаа да се убијат кога работниците влегоа во нивниот двор со решените за иселување од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и со деловен простор. Не помогнаа ниту убедувањата на семејството ниту на соседите. - Со мало дете го селите човекот, среде зима! Со мало дете. Нема човечност - рече соседот на Мицеви. Но, драмата не заврши со носењето на Трајан, во безизлезна ситуација и Лора Мицева го сврти ножот кон себе. - Не можам да издржам повеќе, не можам - зборуваше во плач Лора, која во еден момент ножот го сврти кон себе. Семејството Мицеви пред десет месеци доби налог за иселување кога нивниот стан Владата го додели на друг човек, оттогаш јавното претпријатие се обидува да ги исели Мицеви. Правните експерти неколкупати предупредија дека иселувањето на семејството е спротивно на законот за домување, тие живеат тука 15 години и затоа треба валидна судска одлука. Од јавното претпријатие се правдаат дека не знаеле за станот бидејќи бил воен и имале право за насилно иселување, но немаа доблест да кажат зошто 15 години немале евиденција за станот и зошто среде зима, на сила иселуваат тричлено семејство, со девојче од 11 години, директно на улица.
С.Р.
|