|
ВО СКОПЈЕ
Шпорет запали барака
Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од шпоретот на дрва, кој нелегалновселените го користеле за топлење Синоќа, околу 22.20 часот, на булевар Александар Македонски во Скопје бил пријавен пожар во барака на поранешен „Феро турист“. Во бараката на диво биле вселени лица од ромска националност. Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од шпоретот на дрва што го користеле за загревање на просториите. Најверојатно, дотраениот оџак е причина за пожарот, кој ги уништил внатрешните простории. Полицијата информира дека денеска ќе биде извршен увид на местото, по што ќе бидат утврдени точните причини за пожарот и штетата што е предизвикана.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|