|
СЕ ОТПЛЕТКУВА КЛОПЧЕТО ЗА ЛАЖНИТЕ ТЕТОВСКИ ДИПЛОМИ
И експратеник од Албанија купил лажна диплома
Уапсената Ѓунер Сулејмани успеала да им продаде фалсификувани дипломи на еден поранешен пратеник од албанскиот Парламент и на неколку албански бизнисмени, кои, божем, им биле издадени од Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), пишуваат албанските медиуми. Таа се претставувала како сопственик на „Тетово табак“, а минатата недела беше уапсена поради фалсификување и продавање испити, индекси и дипломи од ДУТ. Според пишувањето на весникот „Газета шкиптаре“ еден од измамените „дипломци“ е поранешен пратеник, но не било наведено за кој пратеник станува збор. Весникот наведува дека лажните дипломи на Тетовскиот универзитет чинеле од 1.000 до 7.000 евра, а измамата ја открила македонската полиција. Според весникот некои од купувачите на дипломи дури не го ни виделе ниту, пак, знаеле нешто за Тетовскиот универзитет. Ѓунер Сулејмани беше уапсена по пријава од тројца албански државјани дека им побарала пари за да им издаде лажни документи. Сулејмани во периодот од 2003 година до 2008 година издала вкупно 21 фалсификуван документ.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|