|
ПО ПОБЕДАТА НА ЈАНУКОВИЧ
Микола Азаров нов премиер на Украина
Партијата на украинскиот претседател Виктор Јанукович, која успеа да формира ново мнозинство во Парламентот, вчера го избра поранешниот министер за финансии Микола Азаров за нов премиер, пренесува МИА. Азаров вети решавање и излез од економските проблеми кои, како што рече, ги направила претходната влада. За кандидатурата на Азуров гласаа 242 пратеници, при неопходните 226 гласа. Неговиот избор следуваше откако беше формирана нова владина коалиција од Партијата на регионите на новиот претседател Јанукович, Комунистичката партија и група независни пратеници. Претходно со 237 гласови „за“ Парламентот ја ослободи Јулија Тимошенко од задолженијата претседателка на Владата. Промените во Украина следуваат откако Јанукович пред еден месец ја победи премиерката Јулија Тимошенко на претседателските избори, по што таа го загуби парламентарното мнозинство.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|