|
ХАРАДИНАЈ ОБВИНУВА
Корупцијата на Косово почнува од Тачи
Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај, го обвини косовскиот премиер Хашим Тачи дека корупцијата на Косово почнува од него, пренесуваат косовските медиуми. - Според мене, корупцијата почнува од Тачи. Тој е главната причина за корупција. Неговата логика на управување го уредува начинот и создава последици на други нивоа - рече Харадинај. Изјавата на поранешниот косовски премиер е коментар на неодамнешните изјави на шефот на Меѓународната цивилна канцеларија на Питер Фејт, за присуството на корупцијата во косовските институции. Фејт побара од Тачи да се ослободи од сите корумпирани претставници од високите нивоа на власта доколку сака Косово да оди напред со евроинтеграцијата. Во исто време, влијателните западни земји побараа од Тачи да поведе истрага за еден министер поради злоупотреби и сомневања дека профитирал десет милиони евра.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|