|
НОВИ ПРАВИЛА НА ПЕКИНГ
Кина: Научи марксизам, па биди новинар
Кина ќе воведе построг систем за квалификации на новинарите во земјата, кои ќе треба да поминат и обука по марксизам и по комунистичка теорија. Властите го аргументираа заострувањето на мерките со тоа дека некои репортери создавале лош имиџ на кинеското новинарство бидејќи не биле правилно обучени, пренесува МИА. Според директорката на Генералната администрација за медиуми и публикации, Ли Дундун, новите мерки ќе гарантираат дека сите новинари ќе ги знаат социјалистичките и марксистичките теории на новинарството и медиумската етика. - Другарите што работат на новинарскиот фронт треба да ги научат теориите на социјализмот со кинески карактеристики и да ги научат погледите на Маркс за вестите, плус медиумската етика и дисциплината на Комунистичката партија за вестите и пропагандата - изјави Дундун. Според комунистичката теорија, новинарството треба да му служи на комунистичкото раководство и да не ги поткопува неговите иницијативи. Кинеските медиуми станаа понезависни откако весниците и телевизиите почнаа да сметаат на повеќе приходи од реклами отколку од државното финансирање.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|