|
ПРВ СИНГЛ ОД НОВИОТ АЛБУМ
„Те сакам до крај“ на Арнаудова на радио
Првиот сингл од новиот албум на Кристина Арнаудова деновиве ќе биде пуштен на радиостаниците низ Македонија. Автор на синглот, „Лове ѕоу фор лифе“, односно „Те сакам до крај“ е американскиот композитор и продуцент Мајкл Ли Џексон, кој е најпознат по тоа што му е најверен соработник на легендарниот Иан Гиллан од „Дип парпл“, и кој моментно работи на неговите последни три албуми, како автор на композиции и како гитарист. Песната е комплетно отсвирена во живо со повеќе од 20 музичари во едно од најголемите студија во Лос Анџелес, а само вокалот на Кристина се работеше во Македонија во студиото „До ре ми“, каде што ќе продолжи снимањето на вокалите за албумот. Песната има две верзии, македонска и англиска. Македонскиот текст е на Кристина, а и двете верзии ќе бидат пуштени на радио таниците. Последното миксирање на оваа песна е на Кокан Димушевски, кој ќе ја работи и последната тонска продукција на албумот. Инаку, албумот во моментов се снима во студио и треба да излезе во април 2011 година. Кристина вели дека со овој сингл и се остварил уште еден сон, а тоа е придружните вокали да ги изведуваат вокали со афроамериканско потекло. На овој сингл придружните вокали ги пее афроамериканскиот госпел хор, но само на англиската верзија. Продуцент на вокалот на овој сингл, како и на другите на албумот, е Тања Царовска, Македонката што стана еден од најпрепознатливите вокали на филмска музика во светот. Целата екипа што го работи албумот летово ќе биде во студио, и се надеваат дека до крајот на август албумот ќе биде при крај. Спотот за „Лове ѕоу фор лифе“ треба да излезе на 1 септември.
|