|
ПЕЈАЧОТ-ПОЛИГЛОТ НИ ГО ПРИЗНА ИМЕТО
Ману Чао на концерт скандирал Македонија
Француско-шпанскиот пејач Ману Чао на своите концерти скандира Македонија, заедно со имиња на други земји, а публиката му одговара со делириумски вресоци. Ваквото карактеристично однесување на полиглот-ѕвездата го коментира и познатиот весник „Њујоркер“. - Повеќето ѕвезди и се обраќаат на публиката со зборовите: „Како сте вечерва? Не можам да ве слушнам! Да слушнам малку врева“ и слично. Ману Чао, пак, извикува: „Уругвај!“ - и се слушаат врескања, вика „Костарика“ - публиката е во делириум, вика „Македонија“ - настанува тотален хаос - пишува „Њујоркер“. Очигледно, Ману Чао е меѓу малкуте поп-изведувачи што идејата да бидат глобални музичари ја сфаќаат буквално. Неговиот последен албум „Ла Радиолина“ е составен од 22 песни испеани на пет јазици - италијански, француски, шпански и португалски, а има и на англиски, кој Чао го научил слушајќи го Лу Рид и читајќи ги криминалистичките романи од афроамериканскиот писател Честер Хајм. Критичарите велат дека овој албум е најискреното дело на Чао досега, кое го претставува како човек што истовремено го мотивираат и љубовта и тивкиот бес. Во моментов работи на својот нов албум со песни на портанолски јазик (хибрид меѓу шпански и португалски), а соработува и на друг, чии автори се пациенти од психијатриска болница во Буенос Аирес.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|