nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1459, 30.08.2008





     

„ПЕЈПАЛ“ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА
Преку интернет ќе купуваме светски марки

Граѓаните од следната година ќе може да продаваат и да купуваат производи низ целиот свет. Иво Ивановски, министер за информатичко општество, вели дека Министерството успеало со интервенции преку нашата дијаспора да воспостави контакт со првиот човек на „Пејпал“, кој дал согласност Македонија од наредната година да влезе во нивниот список. - „Пејпал“ е систем кој овозможува интернет-купување и продавање производи и услуги, како и трансфер на пари. Овој систем обезбедува безбедност на пратките бидејќи „Пејпал“ е поврзан со сите пошти во светот и, ако се случи некоја пратка да се загуби, тој ги контактира поштите и проблемот може да се реши лесно - објаснува Ивановски. За оваа цел, како што истакна тој, ќе бидат потребни помали измени во Законот за банки, по што ќе може да се овозможи купување и продавање преку интернет. - Влезот на „Пејпал“ како најголем бренд е сигнал за другите земји дека Македонија е развиена земја бидејќи овој систем не влегува во секоја земја - информира Ивановски. Владата донесе Закон за електронско тргување кој ги регулира сите стандарди и овозможува непрекинато тргување преку интернет, со тоа што граѓаните знаат каде да се упатат доколку има интернет-криминал, како што се службите во МВР и инспекциските служби во Министерството за економија. - Електронската трговија во Република Македонија е овозможена преку банките и системот Касис. Македонските фирми преку својата интернет-страна може да продаваат производи. Проблемот е кога сакаат да продаваат надвор затоа што македонските банки не се ставени во групата на реномирани банки од големите трансактори кои овозможуваат електронска трговија низ целиот свет - вели Ивановски. Тој објаснува дека доколку една компанија сака да продава производи низ светот, треба да отвори банкарска сметка надвор од Македонија каде што купувачот преку платежна картичка ќе ги префрли парите во таа банка и потоа од таа банка парите се трансферираат во македонската банка. Проблем има и доколку нашите граѓани сакаат да купуваат од странство. - Граѓаните што сакаат да купуваат преку интернет, не можат да го сторат тоа бидејќи нашите платежни картички не се одобрени надвор од светските трансактори - информира Ивановски.

Се бараат фирми со идеја за е-бизнис

Министерството за информатичко општество ќе објави конкурс за најдобра идеја за е-бизнис за што пет предлагачи ќе бидат наградени, информираат од Министерството. Целта на конкурсот е да се отворат нови фирми кои ќе овозможат продажба преку интернет. Ова значи дека секој што планира да се занимава со продажба, може да конкурира, без разлика дали станува збор за облека, пенкала или за нешто друго. Она што е важно е самиот проект да содржи податоци за производите, а меѓу другото и за софтверот и хардверот кој планира да го применува.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА МЛЕКО СЕ ПОДЕЛИЈА
Протест поради протестите

СТАТИСТИКА
Платите зголемени за 10 проценти

ВО УПОТРЕБА УСЛУГАТА ПРЕНОСЛИВОСТ НА БРОЕВИ
Со старите телефонски броеви до нови оператори

ВО ПОСЛЕДНАТА ГОДИНА
Банкротираа еден милион американски фирми

  















Нов ветер дувна во Карпош




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes