|
КОЈА Е ВИСТИНАТА ЗА АНКЕТНИОТ ЛИСТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ?
УЈП ќе го бара имотот на Црвенковска и во бившата СФРЈ
.jpg)
Управата за јавни приходи на Македонија ќе побара од колегите во бившите југословенски републики информација за тоа дали Јасмина Црвенковска, сопругата на претседателот на државава, има непријавен наследен имот. Оваа информација доаѓа откако УЈП реши да го повика претседателот Црвенковски на отчет пред даночните служби, за да утврди дали тој дал вистински податоци за имотот со кој располага откако бизнисменот Палевски обелодени дека во анкетниот лист го нема авансот од 160 илјади евра со кои неговата сопруга планирала да купи простор во зградата „Тифани“ во Скопје.
Во Управата се одлучиле на ваков потег откако Палевски минатата недела во УЈП достави нотарски заверен договор за деловниот простор и документ што покажува дека парите биле уплатени. На договорот, покрај потписите на содружници од фирмата „Семос“, стојат и името и потписот на Јасмина Црвенковска.
Црвенковски тврдеше дека имало интерен договор меѓу четворицата партнери од „Семос“, од кој се гледало дека неговата сопруга не уплатила ниту денар за деловниот простор во „Тифани“. Во Управата очекуваат претседателот да им достави писмен доказ за да го докаже ова тврдење. За доказ ќе се смета интерниот договор со датум кога бил потпишан.
Според Палевски, непријавениот аванс бил платен во кеш, летото 2002 година. Парите од авансот уште се на сметка на Палевски.
Црвенковски ги отфрли тврдењата дека го прекршил законот и најави дека ќе соработува со институциите за да се открие вистината.
Освен во УЈП, Палевски договорот со Црвенковска го достави и во Министерството за внатрешни работи и во антикорупциската комисија. Освен најава дека ќе го разгледаат случајот, во комисијата засега не преземаат конкретни мерки.
С.С.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|