|
ОД МОЈ АГОЛ
Издало ме министарство, ал још водим рат
Александар Дамовски
Долга развеана коса, црно секси-деколте, кратки сребрени панталончиња. Црве долг романтиче фуста со висок шлиц, гради дискретно ѕиркаат од отворот на фустанот, полни црвени усни. Сите што во овој момент мислите на Анџелина Џоли и чувствувате блага топлина околу срцето - кочете. Сте се зезнале. Станува збор за Боја Тринаеска, македонскиот најпопуларе трансвестит, типот чии полови фрустрации моментално резултираат со турнеја низ Македонија. Значи, одиме од почеток. Долга руса коса, црно деколте, кратки панталончиња. И месо, и фалти, и грдо, и невкусно, и турбофолк. И безобразно, и замрсени гради, и дебели бутови, и одвратна шминка, и испотено сало. Тоа е Бојан. Такви како него секогаш имало и ќе има, чисто како репер за изопаченост и чисто за да имаме со што да се споредиме ние, неизопачените, кога ќе сакаме да си потврдиме дека сме неизопачени. Тој не е крив што е таков. Мајка природа. Против неа не се може. Бојановци и слични на него креатури имало и ќе има. Тоа никогаш не било проблем никаде. Проблемот се тие долу. Публиката, и мажи и жени, сите млади, сите попалени, плескаат и скокаат на имитациите на Цеца, Крлеуша, Брена, Северина... Што може да натера еде човек доброволно да се подложи себеси на тортурата „концерт на Боја 13“? Необразованоста, немањето допир со вистинската уметност, потребата за простотилак и перверзија, ниските страсти, сензационалното медиумско рекламирање, незаинтересираноста на Министерството за култура за организирање настани со вистинска уметничка вредност. Да го забраниме Боја не можеме. Ова е демократска земја, секој може да пее и да се шминка како што сака. Но, она што можеме е да се заштитиме. Да се заштити младината. Да се заштити добриот вкус. Да се заштитиме од загадувањето. Денес Боја е во Охрид. Во екот на фестивалот Охридско лето. Градот под заштита на УНЕСКО. Во Ерусалимот на Балканот. Градот во кој од античко време имало театар. Уште од самата негова појава, кога премиерата ја имаше на националната телевизија, напишав дека проблемот не е во Бојан, туку во раководството на телевизијата (тогаш директорка беше Гордана Стошиќ), која дозволи неговата емисија да го загадува просторот за кој граѓаните според законот треба да плаќаат претплата. И сега и тогаш проблемот остана во државата, во водењето на одредена политика и во културата. Заштитна, се разбира. Секоја нормална држава го прави тоа. Води политика. Не цензура. Во културните земји таквата заштитна тактика се нарекува даночна политика. Мали и големи даноци. Бенефицирани и небенефицирани даночни отстапки. Да се одреди висок данок за вакви манифестации, што ќе ги направи билетите скапи за поголем дел од публиката и ќе го намали бројот на „заразените“. Образованието е исто така еде од клучните елементи. Од градинката во која воспитувачките нема да играат оро со децата на разноразни Цеци и Крлеуши, па се до факултетот. И медиумите се тие што носат дел од одговорноста во комерцијализацијата на се и сешто, во промоцијата на таквите „ѕвезди“. Во еде таков стратегиски пакет, маргинализацијата на ваквите креатури ќе си дојде природно, како што и мајката природа си поиграла, во просек само со еде на милион. Тогаш едноставно и нема да има потреба од вакви вџашувања. Со тоа индиректно ќе се насочи и ќе се дефинира тоа што е културе настан, вредност, уметност, а што е кич, невкус, неморал, лошо воспитување, празнина, нула. Или пак уште подиректно - што чини, а што не чини, што е вредно, а што е невредно, што е добро, а што лошо за оваа држава, што е грдо, а што убаво. Како тоа се дефинира? Кој може да си земе право тоа да го решава? Па зарем има нешто поуниверзално и поутврдено од тие вечни вредности, од општоприфатените норми за тоа што е уметност, а што е кич. Тука нема тенка линија. Никој не може да се двоуми кој има поголема вредност, Боја 13 или Симо Трпчевски, исто како што никој не може да се двоуми кој е подобар – ангелот или ѓаволот, командант Марк или црвените мундири, Астерикс или Римјаните, Гоце Делчев или Осман-ага, џедаите или ситовите. Меѓу нив го има најдлабокиот јаз на светот. Турбофолкот и пинкизацијата на општеството (не само нашето, туку и на соседните општества, за комерцијализацијата на невкусот и ниските страсти) може некому да му прават ќеф, но никој не може да тврди дека се вредност. Секогаш ќе му фали основното - аргументите. Затоа, без сериозни промени и во културната политика, а преку неа и во вредностите на мнозинството од граѓаните, не е може и развојот. Така секогаш ќе ја губиме војната.
|