|
УТРЕВЕЧЕР ВО СОСЕДНА СРБИЈА
Квартетот на Шарески на џез-фестивал во Белград
Георги Шарески, заедно со својот квартет, утре ќе настапи на летниот џез-фестивал „Умбриа“ во Белград. На сцената, која ќе биде поставена на Калемегдан, гитаристот Шарески и неговите компањони Емин Џијан, кој ќе биде задолжен за клавијатури, хорна и мелодион, контрабасистот Оливер Јосифовски и тапанарот Гоце Стефковски ќе презентираат и некои нови песни. Токму овој нов материјал идниот месец треба да биде објавен како трет студиски албум на Георги Шарески. На џез-фестивалот, покрај Шарески, ќе настапи и квартетот на Франческо Баерзати, кој гостуваше и на вториот албум на Шарески, насловен „СоХоХо“. Ова е уште една шанса да се сретнат старите пријатели, а не е исклучена можноста и за еден заеднички настап. Неодамна Шарески се појави како гостин-музичар на албумот на француската вокалистка Мари Петров, а покрај него свој музички придонес дадоа и другите гости од Македонија - Оливер Јосифовски, Александар Петров и Емин Џијан. Целиот материјал на Мари беше снимен во манастирот „Света Богородица“ на Пелистер, кој даде една убава акустично-инструментална топлина.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|