nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1166, 04.09.2007





     


Стојче Стојчевски се уплаши од бројките

Пишува: Сунчица Стојановска

Цените на владините кампањи стануваат државна тајна број еден. Третпат за една година куп министри, на чело со премиерот, се наредија да промовираат скапа кампања. Ниту еден не собра сили или храброст да каже колку оскаровецот, корумпираниот „Стојче Стојчевски“, ќе ги чини граѓаните. Ајде да сметаме. Колку пари ќе се потрошат од буџетот за најновата кампања на Владата, „Македонија без корупција“? Колку што се износите што нема да ги земат корумпираните лица, а кои треба да влезат во државната каса, кои се многу поголеми од цената на кампањата... Или, колку ќе платиме за „Инвестирајте во Македонија“? Максимум еден процент од првата инвестиција што ќе дојде во државава. Се збунивте? Од овие одговори на премиерот, тешко дека ќе можеме да го решиме ребусот колку чинат владините кампањи. А нестрпливи, какви што не дал Господ, не сакаме да го чекаме крајот на кампањата за да сметаме еден отсто од првата инвестиција. И мрзливи сме, никогаш нема да изброиме колку пари завршиле во приватни џебови наместо во државниот буџет. Затоа што тие податоци ги има Владата и таа треба да ги соопшти. Премиерот Груевски, како поранешен министер за финансии, сигурно до децимала ја има сметката колку ќе плати за промоција на Македонија како бизнис-рај за инвеститорите. Некаде на маса сигурно му е и есапот за најновата кампања за издигање на јавната свест против корупцијата. Зошто економист како што е премиерот одбива да зборува во бројки? Дали Владата се плаши дека со цифрите ќе ја вознемири сиромаштијата, или не сака да и даде повод на опозицијата со денови да обвинува за расипништво на Владата во трошење на јавните пари? Како и да е, Владата сигурно има објаснување за вакви скапи кампањи штом веќе ги прави. Никој не ја спори потребата за рекламирање. Тоа го прават и побогати и посиромашни држави од нашата. Зошто е тогаш стравот од бројките? Нема никаква потреба од толкава таинственост ако трошењето на народните пари е поткрепено со силни аргументи. Не многу одамна јавноста и се восхитуваше на истата оваа влада за нејзината транспарентност. Кампања по кампања, впечатокот почнува да се топи. Премиерот Никола Груевски ни покажа дека знае сликовито да ги објаснува реформите и во образованието, и во земјоделството, и во здравството... Не е лошо да продолжи во ист стил и со трошоците во буџетот. љ


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

  

    


Стојче Стојчевски се уплаши од бројките




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes