nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys Cheap Shox Shoes
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1202, 19.10.2007





     


Новата слика на Авганистан

Билјана Ванковска

Секој чекор поблиску до самитот на НАТО и очекуваната покана за членство носи нови предизвици за нашето ментално здравје. Очекувајте секој ден да не бомбардираат со новите спектакуларни успеси на нашите момчиња и сојузниците, што во Ирак, што во Авганистан. Машината за перење (мозоци) е веќе ставена во центрифуга! Најдобра илустрација за тоа е “ексклузивниот“ напис на амбасадорката Миловановиќ. Па, да видиме каква е таа “нова слика“ на Авганистан за која зборува амбасадорката... Но, најнапред мал коментар од македонска призма: на еден од најголемите државни празници, речиси и никој не примети дека претседателот на државата беше заминат во Кабул, а претседателот на Собранието беше во соседна земја - фактички, земјата беше оставена без државно раководство. Но, уште полошо: симболиката на денот беше загубена, или поточно извртена; се славеше херојски почеток на отпор спрема окупаторот од 1941-ва, ама ние бевме нешто зафатени со земји во кои денес ние сме окупатори (во Авганистан де фацто, во Ирак и де фацто и де јуре). Ехеееј, до каде стаса Македонија за само 66 години, по патеките на Александар, длабоко во Азија!
Новата слика на Авганистан започна веднаш по манипулацијата дека Талибанскиот режим стои зад терористичките напади од 11 септември. Да не заборавиме дека истиот лажен претекст беше уште еднаш (зло)употребен при почетокот на војната во Ирак, кога шефот на г-ѓата Миловановиќ тврдеше дека Садам и Осама се први пријатели и соработници, а излезе дека единственото што ги поврзува овие две воени цели се нафтените интереси и интересите на воено-индустрискиот комплекс на САД. Војната во Авганистан беше прокламирана за прва војна на 21 век - и навистина, таа беше уникатна по тоа што наспроти сите предупредувања дека воен напад ќе предизвика хуманитарна катастрофа, “добрите, но строги и праведни“ Американци започнаа бомбардирање со бомби и леб. Поводот беше смртта на 2.800 луѓе во Њујорк, а во Авганистан уште во првата година загинаа повеќе од 10.000 невини цивили (колатерална штета, нели?). Денес бројката е толку голема што се крие, иако никој веќе и не се алармира што во другата “мировна и ослободителна“ мисија во Ирак бројката наближува до еден милион. Тоа е половина Македонија!! Американската амбасадорка како ангел на милосрдие тврди дека во Авганистан годишно се спасувале наводно по 85.000 млади животи заради намалена стапка на смртност, а при тоа не кажува дека таа бројка не е доволна ни за проста репродукција. Таа не го знае ни извештајот на хуманитарната организација Саве тхе Цхилдрен, кој го вбројува Авганистан во врвот на земјите (со Ирак и Пакистан) со највисока стапка на смртност кај децата. Но, изгледа некои мислат дека тие се навикнати на човечки загуби, цел век војуваат, живеат во сиромаштија и без мобилни телефони (кои, ете, сега благодарение на Американците ги добиле; да, мобиљките им се специјалност, затоа што и косовските борци беа добро опремени со нив и уште понешто од американско производство). Кога нашите новинари ги придружуваат нашите лидери во Кабул (во заштитената зона, секако) тие воопшто не прават репортажи за тоа како се чувствуваат трајно ослободените и усреќени Авганистанци, во таа наша пријателска демократска земја, како што ја нарекува Миловановиќ. Но, за среќа, тоа го прават големите новинари како Патрик Кокбурн, на пример. Еве што му изјавиле обичните граѓани (токму на шестата годишнина од отпочнувањето на војната на 7 октомври): Ни беше подобро под Талибанците. Барем бевме побезбедни. Странците треба да си одат затоа што не излажаа (Каирулах, работник); Американците и Британците често погодуваат цивилни цели. Тоа само создава поголема омраза меѓу обичните Авганистанци (Абдул Манан, 32, возач); Животните трошоци се многу високи и за некој како мене тешко е да се преживее (Наџибулах Хафизи, 48, владин службеник); Се соочуваме со огромни проблеми. Нема вработувања затоа што странците им даваат работа на странските компании. Владите на Британија и САД треба да помогнат да се отворат работни места за нас (Абдул Џафар, 51, работник). Да, и Миловановиќ зборува за зголемување на стапката на вработеност во Авганистан, ама сигурно тука ги побркала нашите Кумановци, Тетовци и друга сиромаштија. Новата слика на Авганистан значи огромен број на внатрешно раселени лица, значи и рекорден принос на афионот и производството на наркотици. Да биде иронијата поголема, Талибанскиот режим имаше строг режим и успешно го спречуваше растот на афионот, затоа што се сметаше за неисламски. Но, во услови на безвластие и очајна сириомаштија, Паштуните успеаја да произведуваат дури 93 отсто од вкупното светско производство на афион. Им се погоди и климата... ама сега Американците со хемикалии од воздух им го уништуваат приносот, заедно со колатерална штета по нивното здравје.
Но, тоа не е најголемата мака на Авганистан. Репертоарот на воени злосторства е огромен и може да падне во сенка само во споредба со оној од Ирак. Злосторствата во затворот Баграм, а и создавањето на Гвантанамо, се само дел од индикацијата за семето на омразата и одмаздата посадено заедно со афионот. Инцидентите за кои зборува Миловановиќ се лажно име за системското насилство кое се врши врз овие луѓе, но и некои кои таму завршуваат по грешка, како оној несреќник Ел Масри кого од Македонија го депортираа во таен затвор на ЦИА во Авганистан, па откако му го зафркнаа животот и на човекот му пукна филмот во Германија, некои си ја испраа лошата совест и рекоа: ете, се покажа дека Американците имале право, олош си бил човекот, изгубил живци во супермаркет! Безбедноста на граѓаните може да се оцени и според показателите на Хуман Ригхтс Њатцх: 2006-та е година со највисок број на цивилни жртви од почетокот на војната. Според нивниот извештај, Авганистанците се борат за преживување, бидејќи условите стануваат се потешки. Тоа е изјава од април, ама Џилиен не ја прочитала затоа што таа им верува на победничките изјави на нејзиниот претседател. Новиот британски премиер изјавува дека Авганистан останува бр.1 приоритет на неговата влада, што сигурно не би било така работите да одат како што треба. Впрочем, коските на неброени британски војници уште од 19 век се уште лежат во авганистанската почва. Познавачите потсетуваат и опоменуваат за менталитетот на Авганистанците, за кој зборува народната изрека: тој чекаше сто години и потоа се освети - брзо завршена работа! Бројот на бомби фрлени над Авганистан само за првата половина на 2007-та е за 5 пати поголем од оној лани. Тоа не личи на воен успех, зарем не?
Миловановиќ се гордее со учеството на македонски војници на американските воишта за нафтени интереси. Јас се срамам од мојата држава! Жалам што од устата на македонскиот граѓанин се издвојува за нечиј империјализам, а надежта за подобар живот и благосостојба (со членство во НАТО) се засноваат на колективната несреќа на еден далечен и несреќен народ. За среќа, амбасадорката кажува невистина кога вели дека граѓаните ги поддржуваат воените потфати. Се надевам дека Хитлер не бил во право кога напишал дека народот полесно голта голема отколку мала лага. Ова што го кажуваат за новата слика на Авганистан е една огромна лага. Дури 98 проценти од граѓаните се за членството во НАТО, процент со кој би се радувал и Енвер Хоџа. Уште пожално е кога им се пласира и една голема лага дека НАТО постои како симбол на демократија, мир и човекови права.

Авторката е универзитетски професор


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:


Си замина нашиот цар

  





























 
| Најава
© 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes