nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1258, 25.12.2007





     

АЛЕКСАНДАР УСКОКОВ, ПРВОНАГРАДЕН НА КОНКУРСОТ ЗА ФИЛОЗОФСКИ ЕСЕЈ
Ако филозофијата не е коректив, каде ќе стаса општеството?

- Темата на конкурсот беше слободна. Што избравте?
- Се одлучив да пишувам за Шанкара, еден од најпознатите индиски филозофи, ако не и најпознатиот после Буда, филозоф кој живеел на преминот меѓу 8 и 9 век. Живеел 32 години, но оставил огромен опус, кој е предмет на истражување и ден денес. Шанкара е автор на најмонистичкиот филозофски систем, кој го знае светот. Не се согласувам со неговото разбирање на светот, меѓутоа се работи за исклучително интересна и издржана филозофија. у Да се согласиш или не со некоја теза, што е поголем предизвик за философска расправа?
- Предизвик се обете. И да се согласиш и да не се согласиш со некого мора да имаш причина, причините мора да ги изложиш како аргумент, така што е еднакво тешко или лесно. у Од каде интересот за индиската филозофија?
- Всушност, мојот интерес за филозофијата, воопшто, почна со индиската филозофија. Уште на 18-годишна возраст, веројатно како и голем број тинејџери, почнав да се интересирам за смислата на животот и тогаш ја прочитав „Бхагавадгита“. Ми се чинеше дека таа најдобро ги дава одговорите на прашањата што секој човек си ги поставува. Подоцна, почнав да учам санскрит. За жал, немав од кого, па морав да учам сам. Во меѓувреме ги завршив студиите по филозофија и денес ми е определба да ги наоѓам сличностите и разликите во индиската и во западната традиција.
- Точен ли е впечатокот дека расте интересот за источните филозофии?
- Несомнено. Можеби не непосредно по Втората светска војна, но веќе во 60-тите години, со јавувањето на хипи-движењето, хиндуизмот, јогата и будизмот на голема врата влегуваат во Европа и во Америка. Ми се чини дека тој интерес опстојува до ден-денес. у Какво е местото на филозофијата во денешниот свет, свртен кон материјалните аспекти и потрошувачкото општество, кои не се меѓу изворните интереси на филозофијата?
- Да, се чини дека филозофијата е на маргините на општеството, но јас мислам дека токму затоа и никогаш не била поважна, бидејќи доколку таа не влијае како некаков коректив на општеството, тогаш навистина не знам каде ќе заврши тоа општество што ја продолжува оваа насока на беспоштедна борба по материјалните добивки, кои траат определен број години и кои нужно мора да завршат со смртта на секој човек. Филозофијата е обид да се даде одговор на најважните прашања, а најважните прашања не можат да бидат прашања кои се однесуваат на нашиот обичен, секојдневен живот. Филозофијата бара одговори на клучните прашања која е вистинската природа на човекот, дали е тој траен или не е и што се случува по смртта.

Ј.Ф.

Реалност сведена на материјалност

Поради маргинализираноста на филозофијата во нашето совремие, спремноста на скопскиот бизнисмен Бранимир Матевски да ја спонзорира наградата за филозофски есеј и да истрае во создавањето на една нова традиција е - изненадувачка. - Филозофските прашања се дел од секој човек и секој од нас си ги поставува и бара одговор за нив. Во нашава држава повеќе ја акцентираме материјалната страна и откако постои независната државата не сум видел поголем ангажман на планот на поддршка на духовноста. Секоја сериозна држава би требало да посвети повеќе внимание на ова поле. Се обидувам тој мал недостаток на државата да го коригирам со една ваква ситница. Ќе се обидам и понатаму некако да помагам, за да не ни биде реалноста сведена единствено на материјалната страна - вели Матевски.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА
Традициите на Тивериопол во Скопје

ОБЈАВЕНА МУЗИКАТА ОД „СТАПИЦА“
Со почит за Тоше

ГОДИНАТА 007
Неутрално, позитивно неутрално


Снимавме малку ама добро

  

    


А кога државата молеше?




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes