nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1315, 14.03.2008





     

ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА ОМЕКНА
Црвенковски прифаќа сложено име

Горан Момировски

И македонскиот претседател го прифати речникот на САД, од каде што веќе неколку дена се лиферуваат пораки дека земјата има златна шанса да го надмине спорот со Грција и да ги добие сите можни гаранации за својата стабилност. Македонија добива шанса со една придавка на уставното име во исто време да го зачува идентитетот решавајќи го спорот со Грција и да влезе во НАТО, смета Бранко Црвенковски. - Во овие 16 години уставното име на нашата земја е Република Македонија, но спорот за името со Грција не е за зборот „Република“ туку за зборот „Македонија“. Тоа е тоа што ним им пречи, а тоа е тоа што нам ни е толку битно. Што значи, ако се најде формулација со некаков додаток или придавка, која нема да значи уривање на националниот идентитет, туку, можеби, уредување, тогаш мислам дека можеме да ги постигнеме и двете цели: и да ја добиеме поканата и да го зачуваме нашиот национален идентитет - изјави шефот на државава. За тоа да се случи претседателот побарал од коалициските партнери да ја спуштат топката поради неопходноста земјава во клучните денови пред самитот на НАТО да има силна и стабилна влада, која ќе може да донесува легитимни одлуки. Црвенковски не открива кое е името што се очекува како најнов предлог, откако во спорот директно се вклучи американскиот „Стејт департмент“, ниту, пак, објасни каде и во каква форма би се употребувало тоа. - Во овој период од 20 дена не чекаат тешки одлуки, без разлика во кој правец ќе бидат одлуките. Тоа ќе бидат одлуки што ќе ја одредат иднината на нашата земја. Сепак, постои мал маневарски простор да се излезе од оваа ситуација. Ако зачувувањето на нашето име е битка за зачувување на нашиот идентитет, тогаш треба рационално и без патетични и емотивни изливи да видиме дали има солуција, која, од една страна, ќе го одбрани националниот идентитет и, од друга страна, ќе овозможи да добиеме покана за влез во НАТО - рече Црвенковски. Најновиот предлог, најверојатно, е дел од последниот пакет предложен во Атина пред еден месец, иако дипломатски извори не исклучуваат дека „Стејт департментот“, во соработка со Нимиц, би можел да предложи и сосема нова варијанта на името и на модалитетите во кои би се употребувало. - Многу е битно и медијаторот Нимиц и сите тие што ќе се обидат да помогнат во овие 20 дена да сфатат дека не смее да и се овозможи на Грција таа да дефинира каква формулација ќе користи Македонија - смета македонскиот претседател. Инаку, вчера, на маргините на пролетниот самит на ЕУ во Брисел, премиерот Костас Караманлис, министерот за надворешни работи Дора Бакојани, министерот за економија и финансии Георгиос Алогоскуфис и државниот министер Теодорос Русопулос на сите средби ја пренеле веќе потврдената грчка позиција дека ветото е неизбежно. Речиси единствена точка на сите средби на грчката делегација било името и причините зошто Грција е решена да стави вето за членството на Македонија во меѓународните организации. Караманлис вчера требаше да се сретне со германскиот канцелар Ангела Меркел и со францускиот претседател Никола Саркози, како и со лидери на други европски држави. Името било една од централните точки и за време на состанокот на Европската народна партија, каде што дошло до директен контакт меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот грчки колега. Грчкото МНР вчера потврди дека за наредната недела е закажана нова рунда преговори за името. Тоа ќе се случи на европска почва, во некоја од канцелариите на ОН во Виена или во Женева. Разговорите меѓу преговарачите ќе ги води медијаторот Метју Нимиц.

Владината криза е лоша вест за Атина

Ако падне македонската Влада и не биде брзо формирана нова, Атина ќе се најде во непријатна ситуација и под зголемен притисок, пишува вчера грчкиот весник „Та неа“. Повикувајќи се на дипломатски извори, весникот пишува дека притисокот ќе дојде од американска страна со цел да се испрати покана за членство на Македонија во НАТО бидејќи Македонија нема стабилна влада што ќе учествува во преговори за името. Според изворите, ако Владата во Скопје падне, тоа може негативно да се одрази врз Атина во преговорите со името.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

БУГАРСКИ МИНИСТЕР СЕ ПОЖАЛИ ВО СКОПЈЕ
Петков: Во Македонија се води антибугарска кампања

СО ПОСЕТА НА СКОПЈЕ
Амбасадори на НАТО рамнат терен за Букурешт

ПОДДРШКА ОД МАЛА ПРЕСПА
Македонците од Пустец ќе протестираат за името

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА
Владата паѓа, нема кој да ја потпре

ШТО ПО ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ДПА ОД ВЛАДАТА?
Да се почека Букурешт, па предвремени избори

ИАКО ДОБИЛЕ ПАРИ ДА КУПАТ КВАЛИТЕТНИ КАРДИОГРАФИ
Со кинески апарати доктори „лапнале“ и по некој лаптоп

СВЕТСКИ ДЕН НА БУБРЕГОТ
Во Македонија има 150.000 бубрежно болни

ИСТРАГА ЗА ИНЦИДЕНТОТ НА ПРУГАТА КЛИСУРА - ГЕВГЕЛИЈА
Возовите спасени на растојание од 50 метри

ВО ШУТКА
Командант Коки штрајкува со глад

  

















































































































































































Тачи во грбот




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes