nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1661, 04.05.2009





     


Попче вози „опел кадет“

Текстов се однесува на настаните што се случија на 28 март 2009 година на плоштадот Македонија, но намерно е одложен за да „легнат“ работите и да се види чија мајка црна волна преде, што би рекла една српска поговорка. Како директен повод за ова јавување е изјавата на господин Стојан Андов, дадена на медиумите и пренесена во етер, со просто прашање: која е таа сила што во еден момент може да собере 4.000 луѓе и да ги донесе на едно место додека за време на војната во 2001 година, не можевме да собереме колку што треба. Бидејќи го почитувам како голем Македонец и политичар не можам да сфатам како тој поставува такво прашање кога, еве 18 години е во парламентот и бил во разни партии досега, а добро ја знае агитацијата на ВМРО-ДПМНЕ уште од времето на Митко „врапчето“ дека и врапците ќе извикуваат ВМРО. Тоа време што го претскажа Митко (бог да го прости) дојде во нашата Република под раководство на г. Груевски и се е подредено на таа максима. Многу новинари го опишаа настанот, но никој не загриза да каже како тие луѓе дошле на плоштадот во точно закажано време и во толкав број и што е најважно - солидно подготвени за тепање. Ниеден новинар не се впушти во таа анализа зашто знае дека ќе биде тужен за што било или ќе има последици од послушниците на ВМРО во МВР и во судот. Во 1972 година смели новинари објавија во „Вашингтон пост“ статија против претседателот Никсон и тој подоцна, како што е познато, под тоа обвинение (а имаше мадиња) се повлече од најпосакуваната функција во светот, претседател на САД. Со горното изложување на настаните сакам да кажам дека новинарите знаеја, но не смееја да кажат дека собирањето на толкава толпа од луѓе провокатори, со мантии и што не друго ги свикало МВР ден пред тоа и информацијата дека ќе се одржи таков мирен протест е растурена по сите јуришници на ВМРО, вклучувајќи ја и православната црква, за жал. Господине Андов тука нема загатка затоа што информацијата за закажан мирен протест, спрема Уставот на РМ, член 21, ја имало само МВР лично и персонално и министерката и сите околу неа вклучувајќи го и оној жртвуваниот командир на милиција од ст. бр. 1. Во исто време се известени Јади бурек, Латас, Бичиклиски, скопската митрополиција и др. јуришници и резултатот го знаете. И што е најважно во цивилизираниот свет во кој се стремиме да одиме за вакви работи министерот си поднесува оставка од вечер за да осамне на масата на премиерот. За другиот проблем сум пишувал неколку пати и сега ќе кажам дека новодојдени во Скопје квазиурбанисти ни ја кројат судбината и не малтретираат со тоа што не ја познаваат скопската историја и провоцираат максимално. На некој урбанист му текнало населбата Буњаковец да ја нарече Дебар маало 2. Тоа е лудост, зашто кога Буњаковец бил, а и сега е еден од најубави делови на Скопје, Дебар маало беше село со зурли и тапани и секоја куќа имаше коза во дворот. Пасејќи ги тие кози меѓу пругите местото се нарече Козле и стана име на еден голем дел од градот. Урбанисти под влијание на госпоѓа Аларова издадоа локација веднаш спроти Владата на РМ, на левата страна на Вардар, точно на осовината на ул. Климент Охридски (која јас сум ја уривал во 2003 г.) на релација на која треба да се изгради мост преку Вардар и со тунел да излезе на булевар Југославија и со тоа да се направи огромно растоварување на сообраќајот во центарот. Објектот стои како урнатина и на никого ништо не му фали, а најмалку на Аларова. Тоа е флагрантен упад во иднината на Скопје зашто таа идеја е стара и еден ден ќе се изведе, а објектот од 1.200 м2 со приземје и кат ќе треба некој да го урне до темел за да може да се направи таа сообраќајница. Кој е тој урбанист и претседател на општина што го направиле тоа? Автоматски, ако има некој од мајка роден, треба да покрене прашање како дошло до таа локација и колку пари дал господин Митко за да ја добие таа локација. Иста судбина има и новата локација за изградба на црква во центарот на Скопје која е измислена само пред две години, а ја уцртал таа маркица некој јадник урбанист, под притисок на Аларова, односно ВМРО-ДПМНЕ, а еве ќе ви кажам и зошто. И покрај тоа што се фрла со дрва и камења по нас „комуњарите“, морам да кажам дека многу работи се измислуваат и кога слушам некои мои врсници дека им било забрането да одат во црква ми иде да ги задавам. Јас лично сум пеел во црковниот хор во храмот „Св. Димитрија“ се до Божик 1955 год. и сум одел редовно на миса кога сум сакал без никој да ми брани. За локацијата на новата црква ќе му се обратам на г. г. Стефан зашто е тој релативно млад човек, а и човек од провинција, па не знае ни колкава била па ни каде била црквата „Св. Елена и Константин“. На плоштадот Македонија во денешни граници никогаш немало црква. Црквата беше вовлечена во една уличка зад кафеаната „Маргир“ или поточно речено на денешната управна зграда на стопанска банка во ГТЦ. Беше подигната на 10-12 скали со многу мал двор и немаше повеќе од 300 м2 во основа. Точно знам дека веднаш до црквата живееше мојот чичко Стојче Гашев, кого го посетувавме фамилијарно со моите родители. Од друга страна, и најважно сум присуствувал на некои состаноци на Градски комитет на СКМ на кој е решено да се компензира имотот на православната и католичката црква што се срушени во земјотресот, па така се дадени две нови локации за тие објекти. За католичката црква е дадена локација на ул. 29 Ноември и ул. Петар Поп Арсов, а за црквата „Св. Елена и Константин“ и црквата „Св. Мина“ да се изгради црква на ул. Партизанска и булевар ЈНА. Ако сакате да проверите дали е ова така има уште живи урбанисти па ќе ви кажат. Црквата „Св. Климент“ е заедничко име за урнатите цркви, а бидејќи вие младите одите по линија на најмал отпор ви текнало нова маркичка и да ги искористите ВМРО бидејќи нема кој да ви се спротивстави. Арно ама бидејќи не сте ја консултирале скопската интелигенција бидејќи уште не има живи и со здрав разум, дозволувате да се излезе на плоштад со црковни знамиња како крстоносците во 12 век што претставува Ваш личен пораз и тоа на ден на велики пости. Жалосно, г.г. Стефан. Новата локација е поставена во крај каде што немало никогаш црква, а е десетпати поголема од двете уурнати цркви и со тоа е завршена приказната. Од друга страна, македонските Албанци едвај чекаат некоја „чарка“, па да предизвикаат криза и како што гледате фрчат баклави на сите страни и притисоци за Бурмали-џамија. Што сега? Фундаментализмот е многу опасна работа затоа размислете добро и за добро на овој слободен народ откачете се од новата локација зашто може да дојде „нож до коска“. Тие цркви што ги покажа ВМРО во весник во Европа тие се градени пред 400-500 години кога со Европа владееја папите од Рим и инквизицијата, па според тоа е многу лош пример. Добро би било да обрнете внимание и на изработката на свеќи за толку многу изградени храмови низ Македонија. Би било добро во Бунарџик да му предложите на премиерот изградба на една таква инвестиција со странски инвеститор белки економијава ќе мрдне напред. Исто така, за доброто на црквата треба да воведете фискални каси за поповите кои одат на гробишта за разни опела бидејќи, ако еден мој работник чука на градилиште 10 часа за 1.200 денари, вашите попови земаат за еден час толку. Не може едно попче вчера излезено од Богословија да купи за две години „опел кадет“???
П.С. Изразувам сочувство на новинарката Мирка Велиновска бидејќи Бране си оди и не може да биде дежурен виновник. Може да му плукне под пенџере, во Капиштец.

Авторот е градежен инженер во пензија


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

  









Оаза на предрасуди




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes