nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1807, 28.10.2009





     

ОЛИ РЕН ГО УБЕДУВА ГРУЕВСКИ ДА НЕ ЈА ОТВОРА ПАНДОРИНАТА КУТИЈА
Да се премислиме за референдумот

Игор Чавески

Комесарот за проширување Оли Рен на денешната средба во Брисел со премиерот Никола Груевски ќе побара Владата да се откаже од намерата по секоја цена да организира референдум за името, дознава „Време“ од дипломатски извори. Притисокот против референдумско изјаснување доаѓа на еден и пол месец пред состанокот на Советот на министри, кој треба да донесе одлука дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со Унијата. Европските челници сметаат дека во овој, како што го нарекуваат, клучен момент за решавање на спорот за името, преговорите не треба да се оптоваруваат со дополнителни прашања како што е референдумското.
Токму за таа цел вчера во Скопје престојуваа двајца дипломати и луѓе од доверба на комесарот Рен, Кристијан Хедберг, шеф на одделот за Македонија при Директоратот за проширување и Мати Масикас, член на кабинетот на Рен. Тие се сретнаа со генералниот секретар на ВМРО - ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, и со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Дипломатите од Брисел сметаат дека Македонија се наоѓа пред историска шанса, која не треба да ја пропушти, и дека политичкиот кредит што и е даден со позитивниот извештај ќе биде залудно потрошен доколку не се спроведат препораките од комесарот Рен. Токму затоа, на вчерашните разговори со претставниците од власта и од опозицијата, тие побараа Груевски да се откаже од референдум нагласувајќи дека тоа не е мудра одлука. Нивната препорака до властите во Скопје е дека доколку, сепак, не отстапуваат од идејата за референдум, кампањата што ќе ја водат да биде максимално позитивна со цел тој да успее.
Комесарот Рен пред неколку дена ја нарече идејата за референдум потенцијална Пандорина кутија, која ќе го искомпликува и така сложениот процес на евроинтеграција. Сепак, се поизвесно е дека Владата нема да се откаже од референдумот, особено по вчерашното соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ, кое негира дека Брисел го притиска Груевски да се откаже од таа намера. Од партијата дури тврдат дека двајцата бриселски дипломати вчера изразиле разбирање за неможноста сега да се отстапи од организирање референдум.
Тоа го забележила и домашните експерти од кои повеќето се согласуваат со ставот на комесарот Рен околу референдумот, но се плашат дека Владата нема да го прифати. Нано Ружин, поранешен македонски амбасадор во НАТО, вели дека државниот врв нема јасен став околу спорот за името и се добива впечаток дека е во конфузија во врска со ова прашање.
- Власта нема да се откаже од идејата за референдум. Стратегијата на Груевски е да го задржи високиот рејтинг и затоа нема да отстапи од тоа што постојано го нагласува... На средбите во Брисел премиерот ќе се обиде на европските челници да им ја објасни оправданоста од организирањето референдум - вели Ружин.
Калинка Сентиќ - Габер од Центарот „Форум“ нагласува дека ЕК увиде дека инсистирањето на референдум може да предизвика проблеми во билатералните односи на потенцијалните членки и во отворените прашања што ги имаат Хрватска и Словенија, како и Србија со Босна и со Косово.
- Пораките што во врска со референдумот доаѓаат од Брисел се јасни и со измерени зборови. Очигледно е дека од нас се бара да се откажеме од таквата идеја, но „прашање за милион долари“ е каков став ќе заземе премиерот Груевски - вели Габер.
Референдумот не го посакуваат ниту во ДУИ, поради што во политичките кругови изминатиов период се шпекулира дека Груевски божем се обидува да ја „купи“ поддршката од коалицискиот партнер во замена за регулирање на статусот на борците од ОНА.
Како Груевски сето тоа ќе го објасни денеска во Брисел, не се знае. Таму, освен со комесарот Рен, Груевски треба да се сретне и со високиот претставник за надворешна политика Хавиер Солана. Не е предвидена средба со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.

Средба Груевски - Папандреу?

Дипломатски кругови во Брисел не ја исклучуваат можноста за неофицијална средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу на маргините на утрешниот самит на Европската унија. Сепак, овдешните прогнози се дека можноста за ваква средба на маргините на европскиот самит е многу мала бидејќи и двете страни сметаат дека за такво нешто е се уште рано.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ СО СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА МАКЕДОНИЈА
Тешко се добива верски параф

ЗДРУЖЕНИЕТО НА БРАНИТЕЛИ РЕАГИРА
Скршена плочата на Карпалак

ОСТРИ РЕАКЦИИ ПО НАЈАВАТА НА БАЈРАМИ
Пензиите за ОНА никому по мерак

ЗА ВРЕМЕ НА ПОСЕТАТА НА ГРУЕВСКИ НА АВСТРАЛИЈА
Отворен конзулат во Мелбурн


СДСМ го храбри премиерот

УСТАВНИОТ СУД ЌЕ ГИ СПАСУВА НАСТАВНИЦИТЕ
Глобите истресени од ракав

ИЗВЕШТАЈ ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Може муслиман, ама никако хомосексуалец

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ
Професорке потивко, спијам!

ЗА ТРИ НЕДЕЛИ 15.000 ЗАБОЛЕНИ
Вирозите косат предвреме

ЕДУКАТИВЕН КАРВАН
Невладините ќе не спасуваат од ХПВ

ДИРЕКТОРСКА СМЕНА ВО РЗЗЗ
Мехмети наследник на Положани

ДОЛГОВИТЕ ВО БОЛНИЦИТЕ НЕМА ДА УДРАТ ПО ДОКТОРИТЕ
Здравството ќе заздравува од болните

ПОРАДИ ГОЛЕМАТА ПРЕСЕЛБА НА ВЛАДИНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА
Мртвило во Министерство за животна средина

  



















Колабирани од реформите




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes