nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys cheap air jordan
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1889, 08.02.2010





     

ОПОЗИЦИСКИОТ ФРОНТ ЌЕ СЕ ОБЕДИНУВА И ВО СОБРАНИЕТО
Црвенковски ги групира пратениците

Партиите од неодамнапромовираниот опозициски фронт да се обединат и во Собранието, преку формирање заедничка пратеничка група, е идејата на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски што, според извори од оваа партија, најверојатно, и ќе се реализира скоро. Со тоа, Либерал-демократската партија на Јово Манасијевски би можела да остане без пратеничка група бидејќи пратеникот Ѓорѓи Оровчанец од Нова алтернатива би ја напуштил и, како дел од новиот опозициски фронт, би и се приклучи на пратеничката група на СДСМ. Само четирите пратеници што би и останале на ЛДП се недоволни за настап како пратеничка група. Покрај Оровчанец, на СДСМ, која сега има 18 пратеници, треба да му се приклучат и тројцата пратеници на НСДП на Тито Петковски и либералот Стојан Андов. Оровчанец вели дека засега не размислувал за тоа, но не ја отфрла можноста партиите од фронтот да формираат една пратеничка група. - Досега не сум размислувал за тоа. Има време за дискусија. Фронтот не е предизборна коалиција, но сме договорени сите иницијативи во Собранието да ги поддржуваме заеднички. Се е можно - кратко изјави Оровчанец. Ваквата опција ја потврдија и координаторката на пратеничката група на СДСМ Цветанка Иванова и лидерот на НСДП Тито Петковски. - Првичната идеја е да дејствуваме заеднички во Собранието, а за заедничка пратеничка група не сме разговарале. Сите партии од фронтот ќе застануваме зад предлозите и иницијативите што ќе ги поднесува секоја партија поединечно - вели Петковски. За идејата на социјалдемократите слушнале и во ЛДП. - Имаме информации дека сакаат да формираат една пратеничка група. Јас разговарав со Оровчанец и ми рече дека засега не размислувал за тоа - вели Андреј Жерновски. Новоформираниот опозициски фронт денеска планира да ги конкретизира настапите против власта на премиерот Никола Груевски. Во СДСМ посочуваат дека активностите ќе се движат во областа на економијата, криминалот и корупцијата во Владата и во газењето на демократските и на човековите права и слободи. Фронтот ќе дејствува и на локално ниво преку средби со граѓаните. За спорот за името нема да го притискаат Груевски, но му даваат поддршка да дојде до компромис со Грција. Ако не се случи тоа до јуни, во СДСМ велат дека ќе се активираат и на тој план. Спротивно на ова, пак, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Протоѓер, во интервју за најновиот број на неделникот „Форум“, вели дека партиите од фронтот ќе го водат своето опозициско дејствување, главно, врз основа на прашањето за името и на евроатлантските интеграции. - Фронтот е групација на салонски политичари, кои се веќе прочитани и кои немаат искрено чувство за проблемите на граѓаните, а тоа чувство не може да се добие од елитните ресторани во Скопје каде што ја кројат својата политика - вели Протоѓер во интервјуто. Тој го поздравува формирањето на опозицискиот фронт и како што посочува „време беше да се отворат картите и граѓаните да видат и да споредат за кого ќе гласаат“.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ВО НИЖО ПОЛЕ ПОВТОРНО ПОЧНАА СЛУЖБИТЕ НА „ПОА“
Вранишкоски се врати да богослужи

СПОРЕД СТАЈНБЕРГ
Името до јуни

ЛДП ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК
Нема услови за гласање во дијаспората

„ТЕЛЕГРАФ“ ТВРДИ ДЕКА ИМА ДОГОВОР МЕЃУ ГРУЕВСКИ И БРИТАНСКИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИ
Македонија лобирала за НАТО со хотел

ОПОЗИЦИЈАТА ВИДЕ СКАПА ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА ВО „СКОПЈЕ 2014“
Власта си ѕида нов мандат

БЕСПЛАТНО ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ
Топла бања, студена соба

ИНСПЕКЦИИТЕ ПОТВРДИЈА
Пациентите давале изјави кај нотар

ЗДРУЖЕНИЕТО „ДОСТОИНСТВО“ РЕАГИРА
Армијата да не тужи

ПОРАДИ ОБИЛНИТЕ ДОЖД И СНЕГ
Карпи се одронија кај Робевци

ИНТЕРВЈУ: ДУШАН БОЈЧЕВ, ДИПЛОМАТ
Спорот се измести во времето на Георгиевски

  

    


„Заборавени“ пари




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes