nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys cheap air jordan
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1889, 08.02.2010





     

УШТЕ НЕРАЗДОЛЖЕНИ, ПОВТОРНО СО НОВИ ДОЛГОВИ
Државната каса полна со кредити

Рада И.Маневска

Од парите од еврообврзницата што ја емитуваше Владата пред четири месеци досега се потрошени 20 проценти. Со еврообврзницата беше земен заем од 175 милиони евра, а за покривање на тековните трошоци, поради недостиг од пари во Буџетот, се потрошени 35 милиони евра. Меѓутоа, и покрај големиот дел што е се уште на располагање, Владата тргна во нова офанзива на внатрешно и на надворешно задолжување. Ова се објаснува со тоа што парите од еврообврзницата, главно, се чуваат за одржување на стабилноста на денарот. Само за два месеца државата се задолжи со 55 милиони евра преку издавање државни хартии со девизна клаузула. За покривање на претходните задолжувања со државни записи и обврзници во првиот квартал од годинава на Владата и се потребни 85,5 милиони евра, што значи дека до крајот на годинава владата ќе има потреба од ново задолжување.
Според проекциите во буџетот, Владата планира да се задолжи со 233 милиони евра. Од нив 130 милиони евра ќе бидат потрошени за отплата на главниот долг на државава. Главно, ќе се задолжува со кредити од Светска банка и од Европската банка за обнова и за развој, кои ќе бидат наменети за финансирање одделни проекти, но и од друго странско задолжување. Дома повторно се задолжува со издавање државни хартии од вредност во износ од околу 66 милиони евра. Од Владата најавија дека ќе му даде приоритет на надворешното задолжување. Покрај другото, не се отфрла и можноста за издавање втора еврообврзница, но во втората половина годинава. Пред тоа, доколку има потреба, би се трошеле парите од веќе издадената еврообврзница. Со вакова непродуктивна потрошувачка и со висок буџетски дефицит, но и со се попроблематичниот прилив на пари во државната каса, државата ќе мора повторно да се задолжува надвор, со повисока сума пари, велат стручњаците. За дел од нив, најдобро е прифаќање аранжман со Меѓународниот монетарен фонд бидејќи обезбедува и контрола врз тоа како се трошат парите. Најбрз начин за добивање пари, пак, без да се обезбеди контрола на трошењето, велат експертите, е издавањето еврообврзница, но тука треба да се внимава по која цена ќе биде тоа задолжување. - Инвестициските фондови и другите финансиски институции во кои државата би се задолжила со еврообврзница не ги интересира каде ќе завршат тие пари. Нив ги интересира само отплатата. Еврообврзница што ја трошиме имаше износ од 175 милиони евра со камата од 9,8 проценти. За неа граѓаните на кредиторот ќе му платат 270 милиони евра. Со ново задолжување износот што треба да го покријат граѓаните ќе биде уште поголем, а владата, во меѓувреме, тие пари ќе ги потроши за покривање тековни трошоци - вели Џеват Хајредини, поранешен министер за финансии.
Според него, Владата е принудена на надворешно задолжување бидејќи дома веќе нема средства што може да ги користи. Стопанството е во лоша состојба, задолжувањето кај банките со обврзниците оди многу брзо и само се натрупува бидејќи обврзниците се издаваат на многу краток период, со висока камата, а Владата нема можност да ги отплаќа и повторно се задолжува.
- Владата ќе мора да го покрие и неприкажаниот долг на буџетската сметка од приближно 700 милиони евра за инвестициите во „културата“ во центарот на Скопје, па затоа најлогично е таа да се задолжи со еврообврзница бидејќи отплаќањето на задолжувањето е по три години - вели Хајредини. Намалување на трошоците на Владата бараше и ММФ, ако и годинава како и лани се констатира незадоволување кај даночниот прилив во државната каса.
Стручњаците велат дека прво треба да се даде одговор на прашањето кои се причините за планирање на толку висок буџетски дефицит, каде и како ќе се трошат тие пари, па потоа да се бара решение за негово покривање и за државното задолжување. Но, во дадените услови, се согласуваат дека без разлика колку пари има од претходната еврообврзница со планиран буџетски дефицит од 2,5 проценти од домашниот бруто-производ, Владата ќе мора дополнително да се задолжува.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

СРЕДБА НА Г-7
Европа одби помош за Грција

НОВИ СТАНДАРДИ ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА НА ПАЗАРИТЕ
Нема продажба на јајца на тезги

ЗАВРШИ ОТКУПОТ
Тутунарите задоволни од цената

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ
Испраќањето пари се уште прескапо

ЗА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ КОНКУРЕНТНОСТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ
Потребни се договори со земјите со брз подем

ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРИ
Надворешниот долг на Хрватска колку БДП

ЗА ЗАСИЛУВАЊЕ НА НАДЗОРОТ
Европска помош за Народна банка

КОНЦЕСИЈАТА НА ПАТИШТАТА ГИ ОДЛОЖИ ПРОЕКТИТЕ
Водените лудории во фиока

  

    


„Заборавени“ пари




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes