nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 2025, 26.07.2010





     

ПЕСИМИСТИЧКИ ОЧЕКУВАЊА ОД СОВЕТОТ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА
Брисел не и гледа на Владата низ прсти

Игор Чавески

Македонија на утрешниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација во седиштето на ЕУ во Брисел ќе добие повеќе критики отколку пофалби, нагласуваат македонските пратеници што го следат процесот на евроинтеграција. Според нивните процени, европските челници сигурно нема да ни прогледаат низ прсти кога станува збор за забавените реформи кои во последниот извештај добија едвај преодна оценка и за кои се очекуваше дека ќе има сериозен напредок. Андреј Петров од СДСМ смета дека најголемата вина за лошиот впечаток што се создаде за Македонија во ЕУ лежи кај владејачкото мнозинство кое никако да разбере дека сликата за состојбите во државата се создава во текот на целата година и дека е невозможно лошиот впечаток да се поправи во последен момент. - Не може да очекуваме пофалба во состојба кога не е постигнат никаков напредок во реформите во судството, јавната администрација, партиските вработувања. Покрај тоа, недозволиво е за измените во Деловникот да се расправа во 5 до 12 кога тоа требаше да биде направено уште во декември минатата година - вели Петров. Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, смета дека е евидентно оти политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата не е на потребното ниво. - Дијалогот е еден од критериумите за членство и според Копенхашките критериуми. Во такви улови не можеме да очекуваме пофалби особено поради тоа што и последните случувања во Собранието ќе се најдат во извештајот - додава Андов. Опозицијата нагласува дека со донесувањето на неколку закони, кои од официјален Брисел беа оценети дека се во спротивност на европските норми, како што се законите за антидискриминација и за води, но и со општата политичка клима која владее во земјата, Македонија ризикува во ноември да добие негативен извештај од страна на Европската комисија. Спротивно на тврдењата на пратениците од опозицијата, Александар Спасеновски од ВМРО -ДПМНЕ вели дека вината за лошиот политички дијалог е кај опозицијата, која со своето однесување свесно работи против евроинтеграцискиот процес. - Владата во последните пет месеци донесе околу 60 отсто од европските закони и поради тоа мислам дека оценката на состанокот ќе биде позитивна. Сепак, спорот за името и натаму останува наша главна пречка - изјави Спасеновски. Според информациите кои доаѓаат од Брисел, последните случувања поврзани со инцидентот во Собранието, како и со немањето слух на власта за барањата на опозицијата на измените на Деловникот, само ја прелија чашата кај европските челници дека политичкиот дијалог не е на нивото на земја која претендира да стане членка на Унијата. Тоа ќе биде констатирано и на утрешниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на кој министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и вицепремиерот Васко Наумовски треба да „реферираат“ колку Македонија напредува во исполнувањето на реформите. ЕУ ќе ја претставува министерот за надворешни работи на Белгија, Стивен Ванакере, во својство на земја-претседавач, како и комесарот за проширување Штефан Филе. Се очекува на состанокот да биде истакнато дека власта се повеќе спорот за името го користи како параван за забавените реформи и дека таквиот пристап уште повеќе им ја усложнува работата на европските челници кои настојуваат Македонија и Исланд заедно да ги почнат претпристапните преговори. Состанокот требаше да се одржи пред една недела, но беше одложен поради совпаѓање на термините со конференцијата за Авганистан.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ХУМАР СО ПОРАКА
НАТО чека, решете го името

СДСМ ПРЕЗЕНТИРАШЕ ДОКАЗИ ЗА МО
„Волонтерот“ Ефтимов платен две и пол илјади евра

НА СЕМАКЕДОНСКАТА ПОГРАНИЧНА СРЕДБА
Трново не го дава името

ПРОДОЛЖУВААТ ПАЗАРЕЊАТА МЕЃУ ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА
Деловникот падна во меѓупартиска бездна

МНОГУМИНА НЕ ОЧЕКУВААТ РАСВЕТЛУВАЊЕ НА СОБРАНИСКАТА ТЕПАЧКА
Анкетните комисии пукаат во празно

ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ
По сонцето, невреме

ОПОЖАРЕНИОТ МАНАСТИР ПРЕТВОРЕН ВО ГРАДИЛИШТЕ
„Бигорски“ в година целосно ќе блесне

СКОПСКИТЕ ЏАМИИ БАРААТ ОД ИВЗ
Реџепи да си оди

ИНЦИДЕНТ НА ПРОТЕСТОТ НА НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА БЛИСКА ДО ВМРО-ДПМНЕ
Фашистички поход против Илиевски

  

    


Поделена неодговорност




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes