nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys Cheap Shox Shoes
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 609, 22.01.2006





     

АНАСТАС ВАНГЕЛИ
Секула Теонаничарот и Силвија Сеинт

Да се запази континуитетот. Како да не!
Ја испокина крштеницата на парченца, дел ги фрли, дел ги запали, дел ги проголта. Во афект. Но, со силна поента и уште поквалитетна причина.
Пред пар години дојде кутриот до откровение од Мерилин-Монровски пропорции, кое можеби веќе ги жигоса неговиот понатамошен развој и интеграција како кандидат за граѓанин на Европската Унија. Му ја даде и онаа духовна компонента на целосното постоење, го сплоти со надземното и му го резервира билетот за Рајот виа Чистилиштето, оти за Пекол печен не беше.
Имено, за волја на инквизицијата и за инает на душманите, тој дозна дека ГОСПОД ПОСТОИ. А тоа просветление беше проследено со архимедовски крик: „Мамо, вади сармата!“. Мама сарма немаше, па му даде 50 денари, без обврска да врати кусур. Како завршија тие во погрешни раце, можеби ќе дознаете понатаму, а можеби и не, не сум Марио Пуцо!
 
Оној еурека лајк-заклучок за постоењето на Овој го имаше формулирано многу нагло, непосредно откако проклетиот кабелско-палеолитски оператор реши на маалските да им пушти порнографска содржина од маџарска продукција претходната вечер. Несомнено, тоа беше Негова заслуга, колку што е и се друго на световите и меѓу нив. За да го опишам сликовито благотворното дејство на еликсирот врз неговиот атрофиран бицепс, истовремено и вентил за хормоните му пубертетлиски, се плашам дека немам доволно слобода од уредникот, а и храброст пред тастатурата. И ко што реков, не сум Пуцо, ебаго, па вешто да го уплетам во дејството. Ама сепак, фор д рекорд, го распна Исус, па го воскресна, Мел Гибсон вода да му носи, сосе целиот екипаж на „Страданието“ и мачните следбеници на Понтиус Пилат.
Го сотре тоа неговиот скептицизам, му ги отвори чакрите, му ги ограничи видиците и му даде рамка на житието. Ако пештерските кабловци ги симнеа уште ловот и риболовот од дневниот ред, дури ќе почнеше да пали свеќи за здравје, од тие жолтите восочни од по 15 денари. Или пак собранискиот канал, сеедно, и онака никој не го гледаше. Сепак, не сакајќи да вршам негов фотелјашки телевизиски дајџест, ниту да се задржувам на порничот, навидум мастило на Сатаната, но всушност последица Божја, со малата плава палава во главната улога, ќе се обидам да изведам некоја поента од сево ова необично гледање на работите. Силвија Сеинт, со претенциозното презиме во прилог на делови од сижето.
 
Малиот, по неверојатното петок-навечер-после-враќање-од-град-искуство не остана имун на влијанието Негово. Почна грешникот да се моли патетично, да паѓа на колена во транс, да плаче и цимоли како паталец, со една единствена и не толку невина намера - гореспоменатата платинесто тиражна и уште поплатинесто плава промискуитетна дама да ја види барем уште еднаш, за да ја комплетира невозможната бек-ту-бек-мисија. Ангелот негов беше кобната, самовилата-чувар, патронажниот објект на утринската гимнастика! И еден ден, како да е ДДВ, му воведоа редовни филмови со срамотни работи наместо Дискавери, а тој многу совесно го исполни дадениот збор и, наместо да склопува чопери или да руши митови, почна катадневно да пали по две свеќи во црквичето, една горе, една долу. Таа горе за Неговата чест, таа долу за потенцијалните чеда, изонанирани, ѓоа на клада горени, кои во новонастанатата ситуација на редовна блиска средба помеѓу стопанот и Силвија беа доведени на работ и однесени од виорот.
И така... се навршија неколку месеци, а страста негова кон Бога никако не спласнуваше. Дали кон Бога, или кон чудесните палавштини на блондинките во ситните часови покрај телевизорчето, не би сакал да разглобувам, та не сум Пуцо после да му мислам и на тој детаљ историја. Но, најважното е сепак што продолжи да верува, да врши синкретичко-мистично-духовни обреди, да ја негува традицијата, па го сплоти паганското со небеското и почна да се залага за ширење на таа носечка мисла у маало, и на клупите зад училиштето.
 
Иако требаше да се движи во сосема друг правец, свеста негова остана чиста. Ниту образованието, ниту фактите не ја поматија сликата што тој ја имаше пред очи. На истото ниво како и пред тоа, како кога се губи живот во Супер Марио. Рисјанин, по душа пазарен и по разум измамен. Со Исус во рацете и за Велигден јајцата. Со цврсти вредности на мека столица, божји заповеди, закони напишани со перманент-маркер, истетовирани на сивата корка, да останат засекогаш бидејќи се вечни вистини, аналогно на математичкото 2+2=4.
Но, со текот на времето, независно од сите нови силиконски Силвии, дилда и жанрови, исушеното псевдопобожно-маструбантско мозоче почна малку од малку да созрева и посветовно да размислува. Фантазиите за еден холограм, за еден епитом на се што беше зад мониторот, беа помоќни од самите подвижни сликички. Просветителските повици на 0500, реалистичките погледи низ кратките сукњички „у град“ и беседите на мудреците пред кооперација, непобитно му предизвикаа хормонални пориви, кои го разбудија човекот во верникот. Молитвите од „Те молам, вечер лезбејки“ се трансформираа во многу попретенциозната форма „Те молам, вечер да се офајдам“..., што значи дојде до неизбежното заплакнување со ладна вода по целовековното пијанство и наводната благосостојба. Отрезнувачки поход во кој ни Неговиот напор од петни жили не помагаше.
И кога срипа од кревет, намокрен, излигавен, разбушавен, со сомнителен вкус, кој потсеќаше на млад кромид, во устата... се освести дека неговиот живот е само веце-еротика од денес до утре... сфати дека од вербата ќар нема, туку само арч за „палома“-5-динара. „Е така не оди“, си рече гневно, стана, ја испокина крштеницата и тркна на утринската онанија за последен пат. И ја изврши со поголема леснотија од кога било, затоа што немаше потреба да пали свеќи!


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

АЛЕКС БУКАРСКИ
Кавга за книжевноста

  

    






















 
| Најава
© 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes