nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 609, 22.01.2006





     

АЛЕКС БУКАРСКИ
Кавга за книжевноста

Гадно инспириран од состојбите на македонската книжевна сцена, решив оваа колумна да биде кавгаџиска и да отвори низа прашања за неа. Особено кога не треба да си некојси спремен теоретичар од областа на книжевноста за да го дијагностицираш сето стагнирачко бледило, кое, еве, веќе трае од почетокот на осамостојувањето (најверојатно и малку порикверц) па се до ден-денес.
Владата, пак, во изминативе години реши буџетското туце да го троши за развој на реформите во одбраната, со образложение дека тоа ќе доведе до членство (за кој граѓаните никој не ги прашал?) во структурите на воената машинерија на НАТО. Тоа се изјалови и сега ја чекаме 2008 година за втора шанса, додека во меѓувреме сите други важни општествени културни сегменти, меѓу кои и книжевноста, битно пропатија.
Уште во почетокот сакам да предочам дека ми е преку миле од сите јалови напади на конзервативците, кои секој обид за промена сакаат да го маргинализираат сместувајќи го во конотација од типот - младите преку варен ѓеврек бараат пирошка со месо. Поради таквиот потценувачки однос, се повеќе млади се откажуваат да се занимаваат со сите видови супкултурни форми на израз, препуштајќи им се притоа на медиокритетските стандарди кои од нив бараат френетично да го веат партискиот бајрак на митингашки приредби, во кои набргу ќе ги оспособат каде да ракоплескаат, каде да го скандираат името на водачот, а каде да викаат уаа, сето тоа спонтано (при споменување на противкандидатот).
 
Од друга страна, наместо досегашниот прототип на писател (иако повеќе преферирам да го користам зборот автор) - на фино, стросано бирократче со испеглан речник полн со излитена фразеологија, свежо излезен од прес-конференција на која по којзнае кој пат се тинтрал со колегите за статусот на писателите во општеството, по што бла-бла се донел генерален заклучок дека не е многу добар (а во кое општество е добар бе?) - потребни ни се разбушавени, ексцентрични автори, кои нема да го местат патецот на средина или пак, бетер, нема ниту гелче да турат, а наоколу со својот изглед ќе провоцираат со повод и без повод, и во своите дела ќе имаат за задача да ги демистифицираат и деконструираат митовите, да ги рушат табуата, да ги превреднуваат застарените вредности и слично. Досегашниот тактички модел не инсистираше да се создаваат млади генерации поети, писатели или, доколку веќе постоеја, повеќемина беа туркани настрана, на самата ивица на маргината и тоа, се разбира, на сметка на форсирање на доволно послушно фиданка-внуче. Потоа осмелете се да гугнете дека тоа е шит и веднаш добивате ќотеци дека сте поборник против сета македонска книжевност.
 
Е па сега офкорс целата вина не е само во писателите и нивната резигнирана состојба. Се трудам да не заборавам да ги споменам и нашите издавачи (кои? - сите бе, сите!), кои се впуштени во натпревар што набрзина ќе ни преведе од српски бестселери, кои потоа гордо ќе ги тупнат на полиците на своите излози, претставувајќи ги како демек светска класика. Треба бе, драги издавачи, за момент да го потиснете сиот капиталистички порив во себе и дел од профитот троа великодушно да го вложите во збирки или едиции за млади дебитанти. 
Ќе морам да ги разочарам и оние што набројувајќи ми двајца, евентуално тројца, автори што преку сила успеале да доживеат трето издание ќе се обидат да ме демантираат дека на се гледам премногу црно. Жалам што ќе ве разочарам, пеери, ама тоа јас не го сметам за книжевна сцена, туку за одбрано друштвенце спремно за гледање фудбал и пиење пиво.
Вакуумот и недостигот од доволно занимлива книжевна понуда од академските писатели ги пополнија хиперреалистичките крими-пустоловини т.н. криви правци  и коцкарските четива со исповедувачки карактер на голи луѓе, кои потоа убаво ја искористија ситуацијата да станат книжевен меинстрим! Но, и покрај тоа што искритикував многу, направив партали да летаат, сосема е рано да заборавам и на самокритичкиот тон, кој овојпат ќе го упатам во вид на апел кон сите неафирмирани автори независно дали пишуваат, пеат, свират или цртаат графити, да излезе надвор на нашата нова улица за правење субверзивни бељи -  Интернет, за што инаку нашироко дрвев во претходната колумна. Сфатете дека само на тој начин може да ги расклоцаме сите дежурни скептици, кои ко навиени ко тетката на 95 го фураат стереотипот оние младине бе само се дрогираат и слушаат текно, како и истовремено да го задрмаме подзаспаниот книжевно-образовен естаблишмент.
 
ПС: Тукушто ги довршив последните редови од колумнава, па пуштив диал уп-конекција за да ја испратам... и додека ми ѕвичи модемот во заднина, сакам да им упатам едно скромно фала на сите, ама баш сите, фини чичковци во бордот на телекомот, од причина што ги немаат сите деца на овој прекрасен свет нивните економични понуди и пакети.... И тоа, како на пример младите во некои тешкопристапни предели на Алјаска итн.
 


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

АНАСТАС ВАНГЕЛИ
Секула Теонаничарот и Силвија Сеинт

  

    






















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes