nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys Cheap Shox Shoes
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 623, 05.02.2006





     

АНАСТАС ВАНГЕЛИ
Истај го Хитлер

Во лимбото од пишувањето до објавувањето на ова дело, можеби ќе се промени метереолошката состојба; ќе се дознае некоја клучна дневно-политичка информација од етерналистичко значење, ќе се дојде можеби до консензус во спорот за името со Грците; дури можеби и ќе се „истажат“ нови сметки од Швајцарија. Можеби ние сме следните во Брисел. А можеби и не.
 
Поверојатно е дека масовниот закоп на смрзнати лешеви е следното нешто на агендата на тазе печените МекКартиевци, после успешната депилација на пресната историја. За одредена социјална група, на која им касни пензијата и им поскапе парното, може да биде тоа фатално. Особено во Сибирски услови. И не само ним им е студено без парно. Никако да дувне некој силен топол ветер од северозапад-запад или југ. Сто му громова, нам ни треба криминализација на зимата, со можност за укинување на снегот. Море и ретроактивно банирање на сите зимски трагови, сосе февруарскиот поход и останатите злосторства против - да парафразирам - човештвото.
 
Каква дисторзија беше целото тоа антикомунистичко црешово топче за левичарската шизофренија! Го извади на површина носителот на партизанска споменица од длабочините на својата душа, му ги закачи петокраките, секој капиталистички флеш го прати на Голи Оток, и во тоа име одржа Фиделкастровски говор од седум часа пред пролетеријатот... го разбуди револуционерното, ископа ровови низ својот Виетнам на душата, го круниса Хо Ши Мин и го извеличи Пол Пот, додека Мао се смешкаше бидувајќи спознаван. Нормално, со Чаушеску во крвотокот, Троцки на мегдан, Ленин под мишка и со Сталин пирс на брадавица. И со кондоми со вкус на Маркс и мирис на Енгелс, за заштита од префаќање на сите тие болести што ги носат неспособните извитоперени револуционерни лидери.
 
Но, настрана сите спорови околу комунизмот, идеологијата версус праксата, Маркс версус марксизмот и тоа дали е објективно или пропаганда. Проблемот е што оваа глобална контроверза, гледано локално, се надоврзува на една друга, кукавички премолчена, заташкана, но ништо помалку шокантна од оваа.
 
Преку таа, другата, широко се отворија вратите за националната кауза, „вистинските патриоти“, слепците на Самуил и фалангата на Александар. Пркнаа лавчињата со гордоста на челото и паметот во карантин од надворешни влијанија, крик се слушна „Македонија на Македонците“, иако таа тематика е својствена строго на 19-от и евентуално до кај средината на 20 век. Љуоте тхе Равен, Неверморе, земјо Македонска уважавам те, една земја еден народ, се запали кладата, ККК ги навре белите качулки, и тргна во поход на комунисти. И „балисти“.
 
За таа, другата, уште полошата контроверза верглам... Келнерот што го заклучи Тито во шпајзот, веќе имаше извадено едно кутивче кое долги години беше херметички запечатено, во ционизам задушено и со смрт натопено. Го извади едноташаклијата, прототипот за сексуално искомплексиран лидер на Фројд, ја отвори пандорината таа кутија и го остави Хитлера на милост и немилост.. или, го постави читателот во искушение да посегне по кобната книга.
 
Зиг Хајл офчетино, ти се нареди слагалицата. Таман почнавме да мислиме дека дојде „Крајот на историјата“, ја извадија „Неговата Борба“ од нафталин. Во таква коинциденција на услови, во таква коинциденција на тензии, во такви мигови на слабост, подведување по стадото и барајќи си го овчарот, ваквите, декларативно неповрзани потези, делуваат како клизачи од позади грб на секој обид за премостување на Вардар и прошетка ТАМУ или ВАМУ.
 
Е, тоа е таа контроверза или можеби параноја, но од секогаш сум имал конспиративно гледиште на нештата, па затоа толку панично реагирам. Бар реагирам, за утеха, за разлика од целата јавност која е во улога на мртво пуфало.
 
Новонастанатиот идеолошки потрес, со еден епицентар во ЕУ, а со друг во скопските книжарници, ќе предизвика цунами од конфузија а потоа, според Марфи, сигурно сфаќање во најлошата постоечка форма на туѓите филозофии. Во ова пубертетлиско-транзициско доба, сведено на интелектуална онанија, со засилувањето на десницата, и парализирањето на левицата, многу е јасно колку целата таа онанија ќе добие на интензитет, јасно е дека крвта ќе стане многу попримамлива, и што е уште пострашно, факт кој треба да биде освестувачки, „Мајн Камф“ веќе ни стана бестселер. Националистичката сперма може да прсне и од мртва точка, бидејќи „Борбата“ си го трасира патот меѓу напатениот (невин) граѓанин и неговата потсвест.
 
Цревата што кркорат, нездравата и недоволната душевна а и материјална исхрана, немањето соодветни лекови за контракциите на нежното ни желудниче, ќе кулминираат во гастритис, во чир, во гангрена, која недвосмислено ќе заврши трагично, поради грешната дијагноза, исто како и при првото појавување на Фирерот. Оној латентен афинититет изразен преку поговорките „Да беше Хитлер..“ полека почнува да го мрачи сонцето-вентилаторче и тоа во најгрешниот можен контекст. Политичката коректност можеби и е само лицемерие, ама сега кажувам нешто што мислев дека никогаш нема да го кажам... Побогу, „истај го Хитлер!“. Очигледно, ова било погодно тло за виреење на семињата на омразата.
 
Истај го Хитлер, затоа што 2001 е блиску. Затоа што се уште се скандираат оние примитивистички пароли на стадионите, затоа што се уште се блада со туѓи зборови чие значење не е познато за тој што ги кажува, затоа што постои претек од испрани мозоци на кои најмалку треба да им се цртаат свастики. Во целиот тој конформистички потоп, во целата таа апатија одеднаш излезе толку храбро Фирерот на виделина, како да доживува своевидна реинкарнација. Најпрвин незабележливо, а еве по пар месеци веќе неколку пати ми се случува да го слушнам цитиран. Да му е... мајката, од сите милиони класични дела кои не се сеуште преведени на македонски, мораа баш злобниот чичко да го донесат на голема врата, со толку помпезен маркетинг, презентиран како спасител, та дури и аналфабетите научија да читаат само за да го разберат неговото „благородно“ дело и порака.
 
Жити најмилото, истај го Хитлер, да не биде големата. Не е ниту време, ниту место. Како вакцина против беснило нека биде неговото банирање, бидејќи бесните кучиња се опасни по живот. Со тоа што тасот на ѕвездата олесни на идеолошката терезија, не значи дека свастиката треба да натежне. Тоа што наводно ги гониме „сеништата на минатото“, не значи дека треба некои уште поморничави сеништа да не гонат нас.
 
Хитлер беше еднаш мејнстрим. Нека си остане тоа така.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

АЛЕКС БУКАРСКИ
Издржи па награди

  

    






















 
| Најава
© 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes