nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys cheap air jordan
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 710, 07.05.2006





     

Вуна
Дарк Агес

Пишува
Анастас Вангели
Низ темницата по скопските улици шета Доушникот, облечен во кафена кабаница, со долг стап во раката. Молња го осветлува неговото лице, додека тропа на портите кај Кметот, доволно колку да се види неговата полуштрбава насмевка и кметовата рака, која од спротивната страна дотура ќесенце со монети..
После долг период на дефетистичко туфкање вамте-тамте, стрелката на компасот конечно покажа каде сме, а и каде одиме. Темното Доба, почитувани, низ шумските патчиња и бодликавите трња, по калта и камењата. Јасно зацртана агенда на средновековни интеграции.
Еве еден кус рекапитулар за големиот напредок во процесите на повеќе полиња.
 
Темницата и гладот.
По продажбата на ЕСМ и информациите за недостиг од електрична енергија, веќе почнаа да се шират сценарија за евентуални рецесии, за тотално снемување струја и што ли уште не (веројатно последните обиди ќе бидат вртеАње статичен точак приклучен за генератор). Едноставно, совршено за приказната „Средновековна Македонија“. И онака на народот и не му треба баш да му ги качат сметките или да му снема струја за да му се стемни.
Што се однесува до гладот, тој веќе е присутен меѓу голем дел од населението, и тоа е за поздрав. Што се однесува до идните потези во овој домен, мое мислење е дека би требало да се влошат условите во сите сфери на општеството, за да се предизвикаат таканаречени „штрајкови со глад“, како засегнатите јавно би истапиле со гладување, и со тоа транспарентно и недвосмислено ќе му покажеме на светот дека се повеќе луѓе патат за храна, а со тоа ни се олеснува транзитот во Темната Доба.
 
Хигиена.
На планот на хигиената, може да се пофалиме со одлични резултати, кои ги имаме постигнато уште од поодамна. Имено, ѓубрето е се порасфрлано на сокачињата, реките се загадени, санитаријата е за нигде (а во некои места имаме дури и септички јами), имаме кучиња0скитници (трејдмарк на градовите во Средниот Век), имаме и огромни депонии во населените места, што е погодно за ширење зарази.
 
Чума.
Во секоја добра приказна од Дарк Ејџис мора видно место да и се додели на нејзината црност, чумата. Чума се уште немаме, ама за среќа имаме птичји грип. Кога ќе се оствари сценариото за масовна умирачка, редење на мртвите тела на Партизанска и нивно масовно спалување (и евентуално после да ги собираат со багер), се добива речиси совршена компензација за чумата.
Властите единствено не би требало да го известуваат народот, за што е можно повеќе од обичните смртници да бидат заразени и да испоумрат, како би се оретчило населението, а со тоа и нивните проблеми. Па сите големи градови се справувале со чумата, на пример преубавата Фиренца... Еве, уште од сега се пријавувам за улогата на Бокачо и прифаќам да го напишам овдешниот Декамерон.
 
Инквизиција и власт на Црквата.
Во градот под Крстот имаме една таква ситуација, во која социјалните услови се под секоја граница на достоинството, разумот одамна го има напуштено овдешното население, па затоа многу е лесно да се создаде „стадото“, кое и тоа како чека да биде управувано од Пастирите... и така, доаѓаме до ситуација на масовно кршење јајца, бркање расколници, а очекувам скоро да се почне со бркање на вештерки и еретици. Нормално, што поскоро треба да се почне и со веронаука во училиштата. Со востановувањето на институцијата „домашни порноклипови“ (како Северина), сега многу полесно се открива содомијата... верници, пазете се!
Во прилог на процесот на инквизицијата оди и големото достигнување на државата во поглед на тотално разнебитување на образовната, културната и научната сфера, што е толку успешно, та дури и делува како планско заглупавување на народот. Тоа е позитивно за зголемувањето на власта на Црквата, во смисла на попуштањето на световното и профаното поради експанзијата и доминацијата на духовното и светото. А со оглед на присуството на муслимани во земјава (некои од нив патем и добро ситуирани), може комотно да се преземат и пар крстоносни војни, како би се зачувал континуитетот на крвопролевање на овие простори (што е исто така битно за интегрирање во Средновековието).
 
Крвопролевањето.
Кога веќе зборуваме за преземањето на походи, како белег на нашата цел - Дарк Ејџис, мора да напоменеме дека и во оваа сфера досегашните власти не потфрлија - извршија одлични подготовки на теренот за една фина повеќегодишна војна, поделба на кнежества и стотици жртви. Имено, тие доста успешно ги поделија жителите (многу е важно да напоменеме дека тука нема граѓани) на два главни клана (и тоа со убави, расни симболи - едните рози, ко Војните на Розите во Англија, другите лавови, исто симбол со долга традиција)... видно меѓусебно нафурани... па земете бре веќе еднаш стаповите, вилите, мачевите, копјата и факлите, и јуриш едни на други! Во име на напредокот кон Средниот Век!
 
Кметови и закрепостени селани.
Една од најважните реформи во структурата на населението во минатиов период беше издвојувањето и отскокнувањето на неколку богаташи, кои како вешти земјопоседници успеаја да создадат огромни феуди на кои им р'мбаат вазалите. Долго време се мислеше дека тоа е некој навидум капиталистички облик, но властите јасно ни ставија на знаење дека се работи за исклучиво феудално уредување, бидејќи во капитализмот постојат одредени закони и правила што се запазуваат, додека во нашиот систем господарите сами си ги пишуваат и спроведуваат законите и се над државната власт.
 
Смртна казна.
Следејќи ја дебатата за аболицијата во последно време, дојдов до заклучок дека што поскоро мора да се воведе смртна казна во Македонија, што е поливалентен фактор во развитокот на нашето средновековно уредување. Еретиците ќе ги палиме на клада (така се втемелува и власта на Црквата), оние што не плаќаат данок ќе бидат бесени, а може да се воведе и мерката „набивање на кол“ или „каменување“, со што би се придонело во сферата на ентертејнинг на народот.
Туку, ај вие понтегрирајте се, јас да тркнам да соберам некој динар од вазалите... нели, влашкото лоби... и у Средниот Век сме биле јаки.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:


Второмајски пост


Крвопијците и Стевица Тарзан


Валпургиски ноќи


„Социјалдемократската идеја“


Кој се ме нервира...

  

    






















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes