nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys cheap air jordan
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 724, 21.05.2006





     

ВУНА
Здравје да имаш

Анастас Вангели

Бидејќи изминатиов месец ја имав таа (не)среќа да се маткам по државните здравствени установи помагајќи на една мој блиска личност, имав шанса одблизу да научам доста работи кои и те како се потребни во интеракцијата со белите мантили (не касапот од локалната месарница, на докторите мислам). Се разбира, во услови како нашите, најефикасно би било „да си ја клаиш јамката на врат“, но, за среќа, се уште постојат алтернативни методи. Дел од нив следат во продолжение. Се разбира, ова се начела поврзани исклучиво со хуманиот момент, бидејќи кај нас однесувањето на државните доктори значително отстапува од Хипокритовата заклетва... Во стручноста не навлегувам поради тоа што сум лаик за медицина, а за немањето стандарди, односно лебарките и змиите кои лазат по ходниците, немам доволно место.
Двата најбитни методи во справувањето со државниот апарат, па оттаму и со здравството, се „фаќањето врски“ и „плаќањето на рака“, кои се доведени на раб на совршенство.

Таканаречените „врски“ (кабли, познанства, контакти, „мој човек“, должници итн.) се незаменлив сегмент во вршењето на секоја можна, каква било работа поврзана со државните институции. Па така, пожелно е да пронајдете неколку битни контакти во установата каде што сте упатени, од хигиеничарите, па се до највисоките функции, поради тоа што ќе ви се најдат на повеќе места, и нивната помош ќе биде неизмерно значајна.

На пример, ефикасната бирократија, при средувањето на документацијата, секогаш оди во преголема деталност, па заверувањето одредени податоци во книшката или болничкиот картон може да потрае со часови. Кога би имале некој близок до сестрата која ја извршува таа работа, би можел да ви среди во смисла на тоа „да се прескокнат формалностите“ и вашата книшка да биде заверена во рок од разумни 45-50 минути, без да ве фати пауза.

Врските, нормално, се пожелни и во повисокиот дел на хиерархијата, бидејќи тие можат да ви обезбедат преглед или интервенција со дезинфицирани инструменти, шиење со повеќе конци на раната, анестезија при операциите, како и користење понапредна технологија.

Ако немате „врски“ – побарајте под итно!

Кешот, кој е исто така пропратен дел во секое „свршување работа“, во здравството наоѓа широка примена. Така, ако имате екстра-џепарлак, разумно би можеле да го потрошите во стимулирање на работата на здравствените работници, и наместо вашиот близок или вие да умрете (како куче?!) во установата, би можеле да ве примат на преглед навремено и евентуално би ве излекувале. Се разбира, се си има своја цена - па така не бидете изненадени ако ви се даде ценовник, при што квалитетот на одредени услуги, би зависел токму од средствата кои ги имате на располагање.

Сепак, неблагодарно е да се зборува за „врските“ и „кешот“ во една ваква социјално-економска непогода во која се наоѓа народот, кога не секој има пари да си ги плати трошковите, а кога се нема пари, некако секнуваат и пријателите, и „врските“. Затоа, следат неколку бесплатни хинтс енд типс, кои ги научив од искуство и се надевам дека нема да ги заборавам, затоа што, сепак, за здравје се работи.

Значи, доколку имате некоја телесна повреда која ја оневозможува вашата мобилност, па ви се потребни патерици или количка, пожелно е сами да си ги купите и носите со вас, затоа што тоа е ваш проблем и не е во надлежност на самата установа. Мене, конкретно ми се случи една ваква ситуација:

- Извинете, ако може да добијам една количка, се работи за старо лице кое е повредено и не е во можност да се движи, и му се лоши.

- А мене шо ми се лоши?! – беше одговорот од надлежната во бел мантил под Хипокритова заклетва, која јасно ми стави на знаење дека јас немам што да барам од неа. Сепак, благодарејќи на мојата корпулентност и на моменти избувлив карактер, успеав да се изборам за една количка, веројатно наследство од донациите по земјотресот во 1963, која, за среќа, се уште се тркалаше и издржа до самиот крај, кога повторно наидов на слични проблеми со надлежните, во обид да ја вратам (разбирам да те малтретираат ако нешто им земаш, ама кога им враќаш?!).

Ако, пак, лицето што не е во можност да се движи треба да се симне два ката подолу во болницата, а лифтовите не работат, и згора на се вие немате на располагање ниту количка, ниту какво било средство за транспорт, а докторите ве гледаат тапо и не знаат како да ви помогнат - не очајувајте! Купете си енергетски напиток, стегнете заби, засукајте ракави и носете го болниот на раце! Така, тој подоцна ќе ви биде навистина благодарен! Затоа што, да речеме, доколку бил во количка, а лифтот работел, тогаш вашата улога би била сведена на нем посматрач, односно туркач на количка, како во глупавите американски филмови.

Доколку, пак, ви се потребни одредени лекарства, најмудро би било сами да ги купите од локалната аптека, затоа што резервите на болниците се празни, а она што е останато по рафтовите е или со поминат рок, или резервирано за „црни дни“, односно тие лекарства се наменети за пациенти „од особена важност“. Секое барање до администрацијата на болницата би било залудно, а згора на тоа би ги ставале и во непријатна ситуација - вие во паника поради влошената состојба на болниот вака или онака, морате да купите лекови на своја рака, за кога ќе треба да се изврши рефундација, да откриете дека сепак тие лекови ги имало во резервите... но, на здравје не се штеди!

Ако заглавите во чекалната, пак, не се нервирајте. Докторот не е тука, а најверојатно нема ни да дојде. Ништо не зависи од вас. Но, ако докторот ненадејно пристигне додека вие се уште сте живи и способни да мрдате, искажете го вашиот восхит (кон доаѓањето на вашиот Месија, или Исус шета низ народот), за да не го навредите докторот, за тој да остане подолго во собата за прегледи, па евентуално и вие би дошле на ред. Сепак, знаете, докторот откажал нешто поважно за да ве прегледа токму вам, или вашите новостекнати пријатели од чекалната (мислам дека пар часови се сосема доволно за запознавање нови другарчиња).

Со вас секогаш носете си торба. Во торбата нека има шише вода, храна, евентуално апчиња против болки и сл., во случај на малку пролонгирано чекање. Исто така, ако сте слаби со кеш, тутнете некое бомбоњерче или шише виски, за да му принесете жртва на Севишниот Доктор. Ако тој ви дава здравје, редно е и вие нешто да му дадете, иако тој зема плата од буџетот, кој се финансира (види мајката), од вас! Здравје!

На сомнителните звуци кои доаѓаат од собичките покрај чекалната, реагирајте присебно. Тоа се веројатно лелеците на некој пациент кој има болки. Во никој случај докторот не води љубов со некој/а од персоналот. Ни на крај памет таква помисла! Зар докторот би ве оставил да чекате за да се оддаде на блуд и разврат на работното место?! Запаметете, и кога е, и кога не е до вас, вашето здравје е пред се, или барем така треба да биде.

Кога ќе ве прегледуваат пак, секогаш преправајте се дека болката и не е толку сериозна – подобро стегнете заби еднаш, отколку да се влечете хронично по болниците. Така ќе треба секогаш да стегате заби додека чекате, принесувате жртви и сл. И имајте на ум, дека докторите тешките случаи ги префрлаат на нивните постручни колеги на допрецизирање на дијагнозите, па тие може да ве вратат назад, што значи дека ако се утврди дека сте тешко болни, со вас може да се игра болнички пинг-понг што е апсолутно ваша вина!

Постојат уште неколку финеси кои и сами ќе ги научите со текот на времето (всушност, не би сакал никој од вас да биде во ситуација да ги учи). За крај, една мисла која, како човек со атеистички убедувања, мислев дека никогаш нема да ја кажам: палете свеќа за здравје затоа што ситуацијата кај нас како да е базирана на расказот „Седум ката“ на Дино Буцати (во кој главниот лик симболично од највисокиот кат во клиниката, постепено се симнува надолу, неговото здравје се влошува, за на крајот „да му ги спуштат ролетните“). Сегашниве државни здравствени установи работат со билети само за во една насока. Кога еднаш ќе влезете, нема излез. Срамота е што најголемата светиња на човекот стана луксуз, срамота е што здравјето стана привилегија на богатите.

Затоа, здравје да имате, да не заглавите во тој грд систем на мито и корупција (и задолжителното „чест на исклучоците“).
 
 


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

БУКАРО
Биди пират

  

    






















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes