nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 762, 28.06.2006





     


На Македонија и се потребни радикални реформи

Пред десет години ја посетив Македонија. Многу нешта ми се видоа подобри отколку во мојата родна Естонија. Македонските патишта беа во добра состојба, имаше многу добри ресторани со одлична храна, зградите од времето на социјализмот во Скопје изгледаа убаво во споредба со советските згради во предградијата на естонскиот главен град Талин. Да не зборувам за времето, но тоа не е под наша контрола.

Естонија и Македонија се соочени со разни геополитички ситуации и со многу други надворешни фактори, кои не се под наша контрола. Но, има многу нешта што можеме да ги сториме за да се спарвиме со факторите во нашите животи што не можеме да ги контролираме. Ако живееме во студено место, можеме да градиме куќи за да ни биде топло во зима. Ако живееме каде што има потопла клима, можеме да изградиме куќи со клима-уреди. Некои лета и некои зими се неиздржливо топли, односно студени. Затоа, се подготвуваме за најлошото бидејќи времето е непредвидливо.

Читајќи студии добив впечаток дека квалитетот на животот во социјалистичка Македонија бил подобар отколку во социјалистичка Естонија, и тоа не мислам само поради климата. Југославија нудеше повеќе економска слобода од Советскиот Сојуз, каде што беше Естонија. Македонците можеле да патуваат и да работат во странство, што не доаѓаше предвид во социјалистичка Естонија.
Распадот на СССР и на Југославија донесе неизвесност и во Естонија и во Македонија, две нови и непознати земји на периферијата на Европа. Многу Европејци го бркаа Балтикот со Балканот.
Експерти предвидуваа катастрофа за Естонија, а истото го мислеа и „советолозите“, кои во 1980-тите години не го предвидоа падот на СССР. Естонија има големо, 35-процентно русофонско малцинство, поради што имаше голема опасност од етнички судир, па дури и војна со Русија.

Дури и во 1996 година кога ја посетив Македонија, со голо око не можеше да се види дека на Естонија и е подобро отколку на Македонија. Но, денес тоа сигурно е така. И покрај полошата стартна позиција и етнички состав, Естонија се крена како феникс. Изминатата деценија стапките на економски пораст на Естонија беа меѓу највисоките и од старите и од новите членки на ЕУ, меѓу 6 и 12 проценти годишно. Стапката на невработеност е 6 проценти. Да не зборуваме дека Естонија од 2004 година е членка на ЕУ и на НАТО.

Основите на естонскиот успех почнаа да се поставуваат уште во раните 1990-ти години, но со години останаа невидливи за нестручните набљудувачи. Ако Македонија одбра пат за постепени, појди-застани реформи, Естонија појде по патот на радикални и брзи економски реформи и се потпре врз невидливата рака на пазарот, а не на владиното мешање во економијата. Естонија го укина данокот за одново инвестиран профит на компаниите. Универзалниот персонален данок од 26 проценти, воведен пред една деценија, постепено беше намален до 23 проценти, а ќе биде сведен на 20 проценти до 2009 година. Освен овие програми, беше воведена еднострана слободна трговија, брзи и масовни приватизации, отвореност кон странските директни инвестиции и здрави макроекономски програми засновани врз валутен борд и одредба на Уставот што наложува владиниот буџет да биде избалансиран. Всушност, Естонија изминативе години постојано има вишок во буџетот, додека повеќето европски земји се мачат со дефицитот. Естонија драматично го намали трошењето на Владата, кое е под 40 проценти од бруто-домашниот производ.

Изминативе години Естонија постојано е на листата на најдобри 10 на годишниот Индекс на економски слободи на фондацијата „Херитиџ и Вол Стрит џурнал“, а оценето е и дека има послободно стопанство од САД. Светскиот економски форум оцени дека Естонија има најконкурентно стопанство меѓу новите членки на ЕУ, а е пред многу стари членки на Унијата.
Брзиот економски развој на Естонија не е само економски успех туку придонесе и кон општествениот мир. Русофонското население во Естонија имаше полза од економскиот пораст. Добрите економски односи поретко водат кон општествени немири. Иако односите меѓу различните етнички групи не се совршени, во Естонија немаше големи етнички судири.

Десет години откако ја посетив Македонија, изненаден сум што елементарните реформи и полезните програми што во Естонија веќе се подразбираат, не биле извршени од страна на вашите политичари. Мислам дека е време Македонија да ги изврши брзите реформи што беа клучни за успехот на Естонија и дури и да ја надмине Естонија во својот пат. Кој не би сакал да има нова и подобра работа? Кој не би сакал да види како приходите постојано му растат благодарение на брзиот економски развој? Кој не би сакал да ги плаќа даноците лесно и едноставно? Кој не би сакал да може во краток рок да отвори бизнис? Мислам дека ова не се тешки прашања.

Мелис Кицинг, естонски политичар и магистрант по право и дипломатија


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:


Агенцијата е за сите иселеници

  

    






















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes