nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 767, 03.07.2006





     

ЕДЕН МЕСЕЦ ПО МИСТЕРИОЗНИТЕ НАПАДИ ПОД ШАРА
Тетовскиот мевосек невидлив за полицијата исто како и лондонскиот

Мистериозниот напаѓач со нож што предизвика невидена паника меѓу тетовки и нивните сопрузи и родители се уште и бега на полицијата, а ако се гледаат слични случаи кај нас и надвор, тој или нема да биде откриен или ќе биде фатен случајно.

Последната недела, за среќа, нема соопштенија од МВР за нови напади врз млади тетовки, ниту лажни пријави.

Тетовските полицајци и натаму интензивно работеле заедно со нивните колеги од Скопје, но има само неколку приведени за кои се утврдило дека немаат врска со нападите. Не помагало ни тоа што полицијата ги има двата ножа со кои биле извршени нападите.

Сепак, тетовските полицајци со кои разговаравме реагираат дека на случајот му е дадена преголема медиумска димензија и покрај фактот што девојките можеле многу повеќе да настрадаат.

- Се шири паника без потреба. Напаѓачот се повлече и се крие по трите напади. Сите други пријави се само приказни, резултат на паниката, но има и позитивни последици од ова. Фактот што нема повеќе напади укажува на тоа дека не се работи за наполно непресметлива личност, мислам дека тој се уплаши од вревата. Да беше некој сосема одлепен ќе уживаше во славата и уште повеќе ќе напаѓаше - вели инспектор од единицата „Алфа“, кој учествува во потрагата по мевосекот.

Официјално МВР досега потврди три напади врз девојки во првите две недели од минатиот месец.
Полицајците од Тетово цел месец ги апсат сите што им биле сомнителни. Резултати немало, меѓу другото, и поради тоа што девојките не можеле да се сетат на ликот на напаѓачот. Тие им рекле на инспекторите дека било темница и само гледале како да се спасат, велат вработени од тетовската полиција. Досега шестмина биле приведени, а потоа ослободени.

Две девојки биле избодени со нож во два напада што се случиле за само еден час. Двата напада се случиле на идентичен начин. Машко лице без да зборува од зад грб со нож ги напаѓало девојките.
Во јавноста сосема се заборави дека мошне сличен, но многу побрутален случај го тресеше Велес пред две години.

Велешкиот Џек Мевосек, кој шест месеци со своите напади влевал страв и паника меѓу велешани, бил откриен и уапсен на 27 ноември 2003 година.

Сосема случајно, откако во последниот напад го препознала една велешанка. Таа жестоко му се спротивставила на обидот да ја силува, а потоа да ја исече со нож. Храбрата жена му го изгребала лицето на насилникот.

Полицијата го привела 30-годишниот велешанец Д.А., под сомнение дека во средата на 26 ноември се обидел да силува три жени во новиот дел од градот. Д.А. таа вечер во три наврати на три различни локации се обидел да силува три велешанки. Претходно, тој во јуни истата година нападнал шест жени.

Криминолозите, како Џон Даглас од ФБИ, објаснуваат дека причината што тешко се наоѓаат ваквите напаѓачи е во тоа што жртвите доживуваат шок поради крајно налудничавиот напад. По нападот тие не можат ништо да кажат за напаѓачот. Даглас во својата книга „Случаите што не прогонуваат“, меѓу другото, за Џек Мевосек вели дека тој не бил фатен иако две лондонски проститутки ги преживеале нападите.

„Тој мора да бил вистинско чудовиште штом толку ги испаничил двете проститутки што тие дале десетина различни описи за него“, пишува Даглас.

А. Б.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ТЕТОВСКО
Се удавило 17-годишно момче

НА ПАТОТ НЕГОТИНО - КАВАДАРЦИ
Загинал таксист

СВЕТИ НИКОЛЕ
Нашол три бомби под урнат ѕид

  

    






















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes