nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 828, 03.09.2006





     

ПОВЛЕЧЕНАТА ВОДА ЈА ОТКРИВА МАКЕДОНИЈА
Чамци од камено доба закотвени на Преспа

Иван Блажевски
 
Во Домот на културата во Ресен со децении во ходникот се чуваат чамци стари повеќе од 4.000 години! Им припаѓале на „преспанците од каменото време“, а биле пронајдени на бреговите на езерото.
 
Во моиве речиси 28 години никогаш не сум чул за нив. Сум чул единствено за такви дрвени чамци кои белосветските археолози од Лондон, Берлин и Париз ги откривале во гробните одаи на египетските фараони. Но, не и за такви скапоцености во Македонија!
 
„Тоа се чунови од моноксилно потекло. Тоа значи дека се направени од едно издлабено стебло“, ни објаснува Димитар Муцевски, археолог од Ресен.
 
Откако пред две години, некој од локалните жители самоиницијативно дал пари за нивна конзервација, трите неолитски чуна денеска можете да ги видите во Ресен, а дури и не мора да платите за тоа?!
 
„Чуновите беа пронајдени кај селото Наколец. Селаните оттаму и денеска велат дека излегуваат уште вакви работи кај нив, само нема пари кој да организира истражување“, додава Муцевски.
 
Чамци од каменото време! Решаваме да заминеме кон Наколец. Се наоѓа на најјужната македонска страна на Преспанско Езеро, близу Долно Дупени и Љубојно на околу 850 метри над морето. Некогаш селото било на брегот на езерото, но денеска водата е повлечена повеќе од еден километар.
 
Дали ќе може да ги пронајдеме населбите на прастарите жители на овој регион од новото камено време што пак се појавуваат на површината?
 
Според истражувачите, дрвото што нема директен допир со кислород може да не се распадне со векови. Доволно е да се наоѓа под вода, под земја или во санта мраз. Последното не е можно во Македонија, особено не тука во Преспа.
 
Чамците што ги видовме во Ресен се долги околу 5 метри, рачно издлабени. На
коритото се гледаат дури и места каде што мајсторот од неолитот удирал во дрвото за
да го издлаби.
 
Во Наколец мирно. Речиси е 15 часот. Сонцето направило јара насекаде околу езерото. Скакулци кречкаат насекаде околу нас. Два-три пати минуваме низ куќите да сретнеме некој жител. Конечно. Најхрабриот што излегол на жегата е Ристо (35). Го среќаваме во едно стовариште за градежен материјал. Од првиот муабет гледаме дека наколчани многу добро ја познаваат целата работа со неолитските чунови, живеат со неа, но конечно ја забележуваме и реалноста во Македонија.
 
„Тенка работа. Имаше доста такви колци, разни форми, предмети, излегуваа од под езерото. Но, со годините ги покри трева! Никој не памети каде беа“, ни вели тој.
 
Во тој момент се сеќавам на алармот на скопскиот археолог, Виктор Лилчиќ, кој низ медиумите пишува како од 10.000 археолошки локалитети низ Македонија, институциите заштитиле само 150! Но, за оваа населба од каменото време со специфичен начин на живеење, никаде и не се пишувало.
 
„Гледате онаму под црквата? Водата пред 20 години беше скоро до неа, ама се повлече. Е, таму, откако се исуши земјата, излегуваа секакви дрвени предмети, колци, работено дрво. Тоа се случуваше и во скоро време. Појдете, можеби ќе видите нешто, иако не верувам“, разговараме со Ристо.
 
Заминуваме до таму. Зад секоја тревка очекуваме да видиме барем еден колец. Песокта под нашите нозе на секој метар станува се поситна и поситна. Чекориме по некогашното езерско дно.
 
Талкаме и... не пронаоѓаме ниту еден колец, ниту еден знак од чамците кои во изминатите години и месеци за момент се појавиле, но немало кој да ги поземе, да ги „закотви“ и да ги истражи.
 
Еден голем поскок како подвижно сиво сукало се појави, па се скри во големите врби и грмушки пораснати насекаде околу нас. Сонцето продолжува да не гори преку тенките летни маици.
 
Се враќаме, иако можеби токму под нашите нозе ги оставаме „гондолите“ на прастарите рибари на Преспанско Езеро.
 
 
 
 
 
Чамци од камено доба закотвени на Преспа
 
Трите чамци од периодот на почетокот на новото камено време (околу 2.000 години пр.н.е), кои се чуваат во Ресен, мајсторите ги направиле од еден вид зимзелено дрво. Тој вид растение се вика фоја, а може да се најде и денеска во регионот на селото Наколец и на Змискиот Остров, односно островот Голем Град.
 
 
 
 
 
Село Наколец - македонска Венеција
 
До 1960 година езерото беше во селото, а црквата Свети Никола беше буквално во вода. Луѓе одеа со чамци за свеќа да запалат, а во дворовите фаќаа риби, ни раскажува тетка Вера Туџаровска од Наколец, која сега живее во Ресен.
 
Селото Наколец, кое се наоѓа на долната источна страна на Преспанско Езеро, во минатото живеело над површината на водата. Старите со кои разговаравме се сеќаваат на раскажувањата како куќите до пред сто и повеќе години биле подигнувани на дрвени столбови.
 
- Меѓу нив врвеле водни улици, а целиот амбиент изгледал како во Венеција. Соседите си оделе од куќа до куќа на гости со чунови. Името на селото сосема си одговарало на себеси - вели тетка Вера.
 
Денеска наколчани таму градат викендички, кога меѓу две зими навраќаат на одмор од Америка.
 
- Сакаме повторно да се изградат куќи на колци, потребни се пари, потребно е државата да направи план. Можеме да понудиме прекрасна приказна и атракција посетителите да спијат во куќи како пред 4.000 години - ни велат во селото. Во некои куќи, велат, се чуваат и стари фотографии од македонската Венеција.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

  

    






















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes