nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 912, 29.11.2006





     

ИНТЕРВЈУ: ВЕЛЕ САМАК, МИНИСТЕР ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
Слободните зони и квалитетната работна сила се нашите предности

Веле Самак е еден од двајцата „странци“ во македонската влада. Тој и Глигор Ташковиќ одговорија позитивно на повикот на премиерот Груевски и без никаква резерва го прифатија предизвикот да бидат креаторите на потенцијалниот инвестициски бум во Македонија. Во Македонија Веле Самак досега го препознававме само како син на познатиот македонски научник и бизнисмен Благоја Самакоски.

Што всушност пишува во биографијата на Веле Самак?

- Како министер за странски инвестиции носам богато искуство со кое одлично ќе и служам на државата. Доаѓам директно од „Мајкрософт“, каде што бев маркетинг-менаџер за Америка за производи за деловна интелигенција и бази на податоци што ги користат најголемите фирми, како берзата Наздак во САД, Хилтон хотели, Нестле итн. Моите кампањи во Мајкрософт придонесоа за приход во фирмата од повеќе од една милијарда долари. За тоа освоив и две награди за успешен маркетинг. Во 2004 година, додека бев во Вартон на МБА, со група студенти формирав фирма „Тера пас“ за неутрализација на јаглерод диоксидот од автомобилите. Како портпарол ја претставував фирмата пред сите медиуми во Америка. Претходно работев на Волстрит и бев потпретседател во Ситигруп, најголемата финансиска фирма во светот. Таму, покрај другото, управував дел од пензискиот фонд на Колорадо од над две милијарди долари и им помагав на најголемите светски инвеститори и фондови да реализираат добивки следејќи ги макроекономските движења во светот. Меѓу другото, мојот истражен труд за пензиски фондови е објавен во престижниот „Журнал за финансиски аналитичари“ и е широко цитиран. Не сакам да ме разберете поинаку, но во Ситигруп бев единствен аналитичар унапреден во потпретседател по 1,5 година стаж и имав највисоки оценки во сите годишни прегледи. Значи, во Македонија придонесувам не само со контакти, но имам и оперативно искуство од маркетинг, финансии и инвестиции.

Подолг период живеете и работите надвор од земјава. Како се случи да Ве повикаат да бидете министер за странски инвестиции?

- Сали Кравчек, мојата бивша шефица во Ситигруп, има речено: „Ако некој ви понуди преголема задача, слободно прифатете ја“. Тоа и го сторив. Патриотизмот и предизвикот да и помогнам на Македонија беа одлучувачки за позитивниот одговор на повикот на премиерот Груевски. Тој ми пристапи на еден принципиелен и отворен начин, барајќи искусни луѓе што ќе придонесат во реализацијата на изборната програма. Јас и многу други како мене бевме контактирани и веднаш одговоривме позитивно на овој повик. Искрено, пред тоа немав никакви контакти со премиерот.
Но, од пријатели и од други луѓе слушнав дека се работи за принципиелен човек чие реноме е стекнато со напорна и чесна работа. Овие негови карактеристики оставија позитивен впечаток кај припадниците на дијаспората. Затоа, сметам дека овој чекор треба да стане традиција за Македонија. Секоја влада треба да бара и да очекува искусните Македонци од странство да и помагаат на татковината. Всушност, така и се прави во секоја друга држава.

Претпоставка е дека со Вашето образование во САД заработувате многу повеќе отколку што би заработувале во Македонија со министерска плата? Што Ве натера да ја прифатите поканата?

- Предизвикот да и помогнам на државата и да служам за народот преку владата, заедно со премиерот, кои имаат искрени и реални цели да донесеме заеднички просперитет. Тоа се главните причини за моето доаѓање. Работа во влада е служба за државата, а не начин за збогатување. Никој тоа не смее да го заборави. Патриотизмот нема цена. Дали Вие мислите поинаку? Ако мислите поинаку, ќе треба да го посетите нашиот тим, а и другите во Владата, бидејќи сите ние, чекајќи го ребалансот на буџетот, немаме добиено плата. А сите работиме по 10 -12 часа дневно за да стигнеме во трката што ја губевме изминативе 15 години со празни ветувања, онаму каде што ни е местото. Народот треба да биде горд со овој потег на премиерот и да очекува исто, па дури и повеќе од сите оние што во иднина ќе и служат на Владата.

Една од најболните теми во македонската економија е ниската стапка странски инвестиции. Каква ќе биде улогата на новиот министер за странски инвестиции?

- Недостигот од странски инвестиции во Македонија не е поради неатрактивноста на земјата, туку поради несериозниот и корумпиран начин за нивно привлекување. Досега државата не се трудеше да ги научи потребите на инвеститорите, да им го поедностави влегувањето во земјата и да им овозможи успешен старт, а со тоа и да го заштити сопствениот интерес. Наместо сериозни инвестиции, имавме мешетари што за џабе ја купуваа тапијата на Македонија што некој со крв ја обезбедил, или монополисти што ги цедеа граѓаните, а не инвестираа. За потсетување, во Бугарија годинава се инвестира повеќе од една милијарда долари. Тоа е повеќе отколку што е вкупно инвестирано во Македонија од независноста. За да ги стасаме соседите, јас и мојот тим правиме анализа на капацитетите и можностите во Македонија со кои активно ги привлекуваме странските фирми во секторите кои им се најатрактивни, а притоа ги зачувуваме интересите на државата.
Значи, ќе ги нудиме можностите на транспарентен и конкурентен начин, преку долгорочен закуп, и нема туку-така да ја продаваме тапијата на земјата, начин што е познат за сериозните фирми и за кој тие немаат проблем.

Дали сега почесто ќе престојувате во Македонија или вашата задача ќе биде од надвор да се привлекуваат странски инвестиции?

- Засега престојувам во Македонија за да ги направам анализите на секторите и да ја запознаам подлабоко средината со која би се соочувал секој инвеститор. Треба да ги запознаам реалните процеси и можности во Македонија. Странските фирми го ценат реалниот и искрен пристап и не сакаат разочарувања кога инвестираат. Сега работиме на индустријата за производство на автоделови и за еден месец планираме патувања за презентации пред видни фирми, каде што ќе ја претставуваме Македонија. Направивме истражување и согледавме дека тренд е зголемена информатичка опрема во автомобилите, регулаторна пресија за ефикасност и безбедност, како и грижата за околината имаат потреба од продуктивна, но евтина работна сила што ќе работи со електронски компоненти – потреби што лесно се задоволуваат во Македонија. Одбравме 70-тина идеални фирми во индустријата, каде што во наредните два месеца ќе ги презентираме нашите можности. Јас во Германија, Франција, САД и во други европски земји, а мојот колега во Јапонија, Јужна Кореја, а можно е и Кина. Ова активно привлекување – ново за Македонија – заедно со маркетиншката кампања во светските деловни весници што ќе почне од јануари 2007 година. Тоа веќе успешно се применува во другите земји и дава долгорочни резултати. Потоа, нормално, претстои согледување и реализирање на резултатите. Потоа пак во странство, по друг сектор итн.

Можете ли да ни откриете дали веќе постојат конкретни проекти за директни странски инвестиции во Македонија? Дали се работи за гринфилд-инвестиции?

- Во моментов активно работиме на неколку гринфилд-инвестиции што се во различни фази, но и со фирми што ги споредуваат можностите во Македонија со другите земји. Се гледа дека нашиот едношалтерски пристап кон инвеститорите, како и одлучноста на Владата да помага за нивните потреби, ја зголемува доверливоста во можностите. Да дадам еден пример за ова. Заедно со премиерот имавме двонеделни средби со министри и агенции за постојните странски инвестиции на кои ја подобруваме координацијата за побрз и легално обезбеден влез во земјата. Деновиве имавме делегација од врвна британска фирма која ја одушевивме од можностите и пристапот во Македонија. И за само четири недели од непозната земја, стигнавме до првите три земји за кои ќе се одлучува за инвестирање. За жал не можам да зборувам за конкретни имиња пред се заради доверливоста која фирмите ни ја даваат во проектите. Штом ќе стигнеме до конкретна фаза, со задоволство ќе ги соопштиме и имињата на компаниите.

Ризикот при инвестирање е една од вашите професионални окупации. Пресметлив ли е ризикот за инвестирање во Македонија? Според вас, во кои дејности е најисплатливо да се вложува во Македонија?

- Ризик за инвестиции се мери преку каматната стапка во земјата, политичката стабилност, административната ефективност, судскиот процес и работната рака. Македонија од независноста до денес демонстрира политичка стабилност со посозреана демократија од многу други земји во регионот, и работна рака која е образована, креативна, релативно евтина и лесно се приспособува на странските потреби. Тоа се факти што можеби за некои странски политичари звучат чудно, но странските инвеститори го потврдуваат. Дури можеме лесно да кажеме дека ние сме и модел за етничка интеграција на сите земји во Европа. Од друга страна, административната ефикасност и судскиот процес се најболните точки кои досега ги слушам. За првиот проблем, Владата презема многу мерки и покажува одлучност на државните службеници да им овозможи поефикасна работа, одговорност за подобар прием на барањата на странските инвеститори. Судскиот процес, за жал, бара подлабоки реформи. Затоа, не случајно Владата предлага закони што ќе ги забрзаат тие реформи. А јас како министер преферирам гринфилд-инвестиции бидејќи тука се намалени токму ваквите ризици во Македонија.

Дали Владата покрај даночните олеснувања е подготвена со други поволности да привлекува странски инвеститори?

- Засега главни предности ни се фискалната политика со намалените или елиминирани даноци, како што се слободните зони, како и релативно евтината, но квалитетна, креативна и инвентивна работната рака која дава позитивен впечаток кај инвеститорите. За секој потенцијален инвеститор во Македонија, слободната зона и невработеноста е добар сигнал за успешна приказна. За разлика од земјите што се веќе членки на ЕУ или пак се потенцијални членки, како Чешка, Бугарија, Романија, Хрватска, каде што добивањето дозволи трае од 9 до 12 месеци и каде што инвеститорите имаат недостиг од работна рака, во македонските слободни зони и идните индустриски паркови, тоа може да трае многу побрзо. Засега немаме планови за формални бенефиции за странски инвеститори, но за секој инвеститор правиме точни пресметки и анализи за потребите и трошоците, ги споредуваме со останатите земји каде што конкурираме и на тој начин прецизно, и буквално во евра, им ги посочуваме нашите предности. Тоа тие многу го ценат. Оваа брзина и одлучност на владата, заедно со квалитетната работна сила и нашиот пристап е огромна предност. Тоа, се разбира, и понатаму безусловно ќе го промовираме. љ


Сметате ли дека големи американски компании би се заинтересирале за инвестирање во Македонија? Во кои дејности?

- Да, како што напоменав, американската индустрија за автоделови е во експанзија и низ Европа. Тука се и технолошките производствени фирми што Македонија ќе ја направат дел од нивниот набавен синџир со производство на специфични делови. Мислам дека најголемата бенефиција за американските фирми што инвестираат во Македонија е креативната и претприемчива работна рака која добро владее со англискиот јазик и лесно се приспособува на зголемено работно темпо и бара практични резултати. Покрај западноевропскиот капитал, мојот приоритет е да го зголемам учеството и на американскиот капитал во Македонија за да се продлабочи и понатаму стратегиското пријателство меѓу Македонија и Америка.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

  





















































 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes