nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1017, 19.03.2007





     

ИНТЕРВЈУ: ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ
Со името ќе се реши и црковното прашање


Елизабета С.Илиевска

Поминаа 40 години откако се обнови Охридската архиепископија, МПЦ се уште бара признавање на автокефалниот статус. Кои се релациите во православниот свет и каде може да се очекува поддршка за решавање на ова повеќедецениско прашање за МПЦ?
- Точно е дека годинава во јули ќе се наполнат 40 години од возобновувањето на автокефалната Охридска архиепископија во лицето на МПЦ. Нашата света црква го оди оној пат што го поминаа и другите православни цркви, некои пократок период, а некои и подолг, како што е случајот со Бугарската православна црква повеќе од 70 години. МПЦ одржува пријателски односи со повеќе помесни православни цркви кои имаат разбирање за нашата истрајност во реализирањето на автокефалниот статус на нашата црква. Понагласени се добрите релации со Романската православна црква, со Албанската православна црква, со Бугарската православна црква и со Руската православна црква. Посебно би ги потенцирале и контактите и релациите и со првата црква по чест, Цариградската, која има особено чувство за да се најде прифатливо решение за нашата црква во севкупната православна екумена. Ние очекуваме од сите православни цркви да погледнат со отворени очи кон една реалност како што е МПЦ и час поскоро да бидеме прифатени со сите православни сестрински цркви во единство и заедништво, а за доброто на севкупното православие, како и на македонскиот народ.
у Пред извесно време бевте во неформална посета на Цариград, кај Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Како помина средбата, јавноста малку дозна што се случуваше и што беше договорено во Цариград? Која порака и ја испрати Вселенскиот патријарх на МПЦ?
- На 21 февруари годинава делегација на Светиот архијерејски синод на МПЦ беше примена од Неговата сесветост вселенскиот патријарх Вартоломеј, а во присуство на митрополитите Пантелејмон Влатадонски, Јован Пергамски, Мелитон Филаделфиски и Хризостом од Мира, како и двајца архимандрити. Средбата се одржа по барање на САС на МПЦ. Приемот помина во пријателска атмосфера. Се разговараше многу отворено и коректно од двете страни, не заобиколувајќи ги наметнатите проблематични теми, како што е името на нашата света црква, автокефалниот статус на нашата црква, како и таканаречената ПОА на Вранишковски, односно српската експозитура во земјава. Од наша страна му беа пренесени ставовите на САС, од Црковно-народниот собор, како и свештеничката конференција на православното свештенство на МПЦ, дека никој нема право да отстапува од уставното име на МПЦ и од нејзиниот Автокефален статус. Овие ставови на вселенскиот патријарх му беа елаборирани како и порано, така и при оваа прилика од митрополитот Наум.
Пораката на Вселенскиот патријарх беше дека МПЦ, а исто така и македонските политичари, треба да создаваат поволна клима за надминување на политичкото прашање за името на Македонија, а со тоа ќе се олесни и прашањето на нашата црква. Да се внимава во изјавите за да не се предизвикаат усложнувања што можат да го попречат влегувањето во НАТО и ЕУ.
у Јован Вранишковски ќе биде пуштен од затвор на 1 мај, три месеци порано пред истекот на казната, така одлучи судот во Велес. Судската одлука коинцидираше со Вашата посета во Цариград. Како гледате на ова и очекувате ли сега Белград да попушти и да седнете на заедничка маса и дијалогот да продолжи?
- Сметам дека е чиста случајност одлуката на судот и нашата посета на Цариград, бидејќи нашата посета не зависи од нас кога да биде, туку кога сме повикани. Верувам дека ќе мора да се седне на заедничка маса, како со СПЦ, така и со останатите православни цркви и прашањето во братска љубов да се надмине. Овде би сакал да ја информираме македонската јавност дека не станува збор дека МПЦ има некој недостаток во своето дејствување како православна црква, па сега бараме тоа да го дополниме, или за да бидеме потполни, туку напротив нашето барање да бидеме во заедница со останатите православни цркви е мотивирано од желбата за доброто на нашиот народ и севкупното православие. Македонскиот народ и МПЦ негуваат и поседуваат длабоки верски православни традиции, поседуваме извонредно значајни цркви и манастири кои имаат огромно културно, уметничко и религиозно значење од најраните христијански периоди па се до современите дни. Сето тоа да се игнорира и да се заобиколува е штета за севкупното православие.
у Кои се следните планови на МПЦ во рамките на црковната дипломатија што ја почнавте, каде упативте писма со барање за средби и што очекувате од нив?
- САС на МПЦ на својата последна седница што се одржа на осми овој месец одлучи да побара средби со повеќе православни цркви како што се Руската, Романската, Бугарската, Атинската и Албанската. Кога ќе дојде и дали ќе дојде зависи од нив. Ние никаде сосила нема да одиме. Очекуваме да ги запознаеме со реалната состојба, со животот и дејноста на нашата Светиклиментова црква. И покрај тоа што знаеме дека се информираат од други извори кои за жал информираат тенденциозно и неточно.
у Дали архиепископот г.г. Стефан свика седница и го аргументираше договорот со хотелот „Изгрев“? Овде пред се мислиме на хипотеката врз објектот и договорот со фирмата „Миладинов ДОО“. Кој е Вашиот коментар за целиот случај, медиумите обвинија дека МПЦ прави матни зделки?
- Прашањето е од материјална, односно економска природа, и тоа е прашање за Архиепископскиот управен одбор (АУО). На една од седниците на Синодот бевме запознаени дека медиумите неточно информирале, поточно тенденциозно и дека е побарано да се направи длабинска контрола на фирмата „Миладинов ДОО“. Кога ревизијата ќе биде извршена членовите на АУО ќе бидат запознаени со записникот на комисијата, а верувам и членовите на САС. Немаме никаква причина да не му веруваме на поглаварот дека МПЦ не прави матни зделки.
у Законот за верските заедници е во подготовка. САД, НАТО и ОБСЕ инсистираат на полиберален пристап во него, од него ќе зависи и поканата за членство во НАТО-алијансата. Дали предложеното решение за спорниот член 8 за вас е прифатливо. Според нашите информации во него се предлага да се избрише забраната да се формираат паралелни верски заедници, а на нејзино место да се постават критериуми што аспирантите за регистрација на религиски заедници ќе треба да ги исполнат. Условите се името и верското учење.
- МПЦ, Исламската верска заедница, како и другите верски заедници во Македонија, се изјаснија дека закон треба да се донесе за Република Македонија, а не за САД, НАТО и ОБСЕ. Традиционално на овие простори со векови православниот народ паралелно живеел со другите верски припадности и никогаш во својата историја немало недоразбирања врз верска основа. А инсистирањето за да имаме паралелни цркви и заедници цениме дека може да донесе на место мир, разбирање и толеранција, спротивност на тоа. Но, законот го носи парламентот, а не МПЦ и другите верски заедници во Македонија.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

КОЈА Е ВИСТИНАТА ЗА АНКЕТНИОТ ЛИСТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ?
УЈП ќе го бара имотот на Црвенковска и во бившата СФРЈ

ПОЛИЦИЈАТА ВО ЈУНИ ЌЕ ГО САРДИСА ОХРИД
Драконски мерки на безбедност за време на НАТО-форумот

ОТКАКО ВЛАДАТА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ РАЗРЕШИ
Менаџерите во паника си ги намалуваат платите

КОНГРЕС НА ВМРО – ДПМНЕ
Груевски најави политика блиска до народот

ОЦЕНКА НА ДОСТА ДИМОВСКА
Групи сакаат да ги расипат македонско-бугарските односи

ОДАНОЧУВАЊЕ
Верските заедници ќе се договараат за фискални каси

НОВИ ДОГОВОРИ
И Актон со интерконекциски договор со МТ

ЛДП
Образованието натежнува од проблеми

ТИТО ПЕТКОВСКИ ОД НСДП ВО ПРИЛЕП
Социјален пакет за семејствата на загинатите Албанци од конфликтот

ТМРО
Репарации од Атина за геноцидот врз Егејците

ПО НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛАТА ЗИМА
Земјоделците стравуваат од уште едно долго сушно лето

ПРЕВОЗНИЦИТЕ ОД ДОЛНЕНИ ТВРДАТ
Тендерот за превоз на ученици и наставници е наместен

ПРИЛЕПСКА ПРИКАЗНА ОД ПОД МАРКОВИ КУЛИ
Невработени, живеат в планина без струја и без вода

ЗАВРШИ ОТКУПОТ НА ТУТУНОТ
Тутунарите бараат 40 денари премија

  





Фудбалот ќе пукне(ше) од полициски притисок




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes