nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1043, 17.04.2007





     

ОТВОРЕН СЕМИНАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
Археолошкото наследство е во критична состојба

Археолошкото наследство во Македонија не е во лоша, туку во критична состојба. Ерозијата на древните градови и тврдини доведува до т.н. тивка смрт со која се губи печатот на европската цивилизација, предупреди археологот Виктор Лилчиќ од Центарот за археолошки истражувања (МАЦАР), кој заедно со британската амбасада и со поддршка на Катедрата за археологија и историја на уметност и на Министерството за култура го организира семинарот за управување со културно наследство, отворен вчера во просториите на Британскиот совет.
Во рамките на семинарот, до 18 април, ќе се одржат серија предавања и работилници за управување со културното наследство.
Лилчиќ се фокусира на состојбите на археологијата во Македонија и за проблемите со кои таа се соочува.
- Во Македонија има 400 археолози што се уште не ја спознале археологијата на земјата. Тоа, меѓу другото, е и последица на лимитираните средства за истражување. Скопје, Скупи, Баргала, Охрид се само делумно истражени, но има и голем број други локалитети што воопшто не ги познаваме. Во изобилство имаме археолошки резерви. Од вкупно 5.000 археолошки локалитети, колку што има во Македонија, половината воопшто физички не се посетени. Немаме ниту официјална државна археолошка лична карта. Од петте илјади локалитети, само 150 се регистрирани и заведени како споменици на културата - додава Лилчиќ.
Според него, податоците со кои располагаат нашите археолози денес покриваат само половина од она што реално го крие македонското поднебје.
- Сосема друг проблем е што тие податоци се полуупотребливи поради несоодветните техники што се користат при ископувањата. Дали е можно среде дигитална ера ние се уште да работиме со бусола - вели Лилчиќ.
Тој апелира до Владата посериозно да пристапи кон овој проблем и да го помогне Институтот за археологија, кој ќе произведе генерации археолози.
- Веднаш треба да се формира и археолошка полиција, која ќе го спречува криминалот со археолошки предмети. Поради копачите се врши чистење на површината од 30 до 50 сантиметри во длабочина - вели Лилчиќ.
Културниот туризам, вели тој, е еден од најголемите извори на приходи во соседна Грција.
- Она што нам ни недостига очигледно е - домаќин, стопан. Немаме културни магистрали, а треба да има најмалку две - онаа од Охрид до Ќустендил и онаа по вардарската линија - додава Лилчиќ.
Семинарот што почна вчера е прв проект во Македонија за Европската конвенција за заштита на археолошкото наследство од Ла Валета. На предавањата ќе учествуваат британски професионални археолози и експерти за културно наследство. Во рамките на проектот ќе се одржи и обука за примена на нова програма за формирање база на податоци за секој археолошки локалитет. Првата пилот-база на податоци ќе се прави за археолошкиот локалитет Скупи по извршените геофизички истражувања и со користење податоци добиени од претходните истражувања во соработка со Музејот на градот Скопје.

В.Д.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ПО ВРАЌАЊЕТО НА СТАТУАТА ОД ЧЕПИГОВО
Кога случајниот наод е случаен?

МАНЧЕВСКИ НЕ АПЛИЦИРА ЗА КАН
„Сенки“ е во монтажа

НАГРАДА НА „ФЕНИКС“ И „МАКЕДОНИЈА ПРЕЗЕНТ“
„Златен прстен“ за Ева Рас

  

    


Студентски битолски медицински тројки




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes