nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1051, 25.04.2007





     

АКЦИЈА НА ЕУ ЗА ПОСЕБНА ПОДДРШКА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Европа ја поддржува соработката за византиското наследство

Инструментот микрорамански спектрометар, кој ќе биде набавен во рамките на акцијата на ЕУ за посебна поддршка на Западен Балкан, е едно од најновите технолошки достигнувања, кое преку оптички влакна регистрира сигнал од многу мали површина (од 1 до 10 микрони) и не го оштетува испитуваниот објект.
Овој инструмент, исклучително погоден за испитување на археолошките и на музејските објекти, и инфрацрвениот спектрофотометар, кој веќе се користи на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ќе овозможат примена на недеструктивните методи за анализа во археометријата.
- Археометрија е мултидисциплинарна гранка на науката, која се занимава со примена на научни методи и истражувачки техники од областа на природните науки во археологијата и историјата на уметноста. Тоа е спој помеѓу археологијата и природните науки. Истражувањата од областа на археометријата бараат соработка на два вида специјалисти: оние од природните науки и од археологијата, историјата на уметност и други слични гранки. Без нивна заемна соработка не може да се постигне подобрување на методите на карактеризација и конзервација, во кои недеструктивните спектроскопски методи заземаат исклучително значајно место - вели проф. д-р Билјана Минчева-Шукарова од Институтот за хемија, која е координатор на проектот.
За работа со овој инструмент ќе бидат оспособени двајца млади истражувачи, кои во некои од европските лаборатории би требало да се обучат за анализа на пигменти (користени во средновековното фрескосликарство) и во керамиката (неолитска и византиска).
- Веќе одбравме две лаборатории со кои сме имале и претходна соработка - лабораторијата на ЦНРС (Централен национален истражувачки институт) во Париз, Франција, и лабораторијата на Одделот за аналитичка хемија на Универзитетот во Гент, Белгија. Меѓутоа, многу е важна и соработката со институциите во регионот, поради што ќе се воспостават контакти со нашите соседи: Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Имаме слично, често исто културно наследство, па логично е соработката да почне околу византиската уметност, која е заедничка во оваа област. Конкретниот интерес ќе се насочи на византиските фрески, икони и керамика - најавува проф.д-р Минчева-Шукарова.
Тоа се, всушност, првите активности на Балканската археометриска мрежа, во која членуваат и Романија, Турција и Црна Гора. Мрежата е формирана на 12 септември минатата година, за време на конференцијата на хемиските друштва на Југоисточна Европа, одржана од 10 до 14 септември во Охрид.
- Без оглед на националните, културните и политичките разлики, преку оваа мрежа се зајакнува интересот за заедничкото културно наследство и се промовира археометријата како мултидисциплинарен приод за зачувување на културното наследство во регионот - вели проф. д-р Минчева-Шукарова.
Овој проект на Институтот за хемија го доби првото место од вкупно 211 пријавени проекти од петте земји на Западен Балкан: Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија. Од вкупно четирите милиони евра што му ги додели ЕУ на Западен Балкан за подобрување на истражувачките капацитети, Македонија доби речиси еден милион.
Оценувачите од Европска Унија сметаат дека соработките во истражувањата на византиската уметност се особено значајни за ЕУ и за Балканот.

Ј.Ф.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

РЕПОРТАЖА НА „ИНТЕРНЕШНЕЛ ХЕРАЛД ТРИБЈУН”
Копа кој каде ќе стаса

СКОПСКИ САЕМ ГИ ОТФРЛА ПОПЛАКИТЕ НА ИЗДАВАЧИТЕ
Условите беа познати

  

    


Заглавени во Концесијата




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes