|
УТРЕВЕЧЕР
Транс на Скопска Црна Гора
Голема транс-журка на отворено, под мотото „Обединети луѓе, обединета галаксија“, ќе се случува утревечер кај месноста Две Реки на Скопска Црна Гора. Почетокот е закажан за 22 часот, а журката ќе продолжи до наредниот ден. Ќе настапат повеќе имиња од македонската и од странската транс-сцена, меѓу кои и Псимоде, Фобос Азазел, Ултериор и др. На самата локација ќе има слободна зона за паркирање и за кампување, како и штандови со храна и со пијалаци. Журката ќе биде збогатена со визуелни проекции и со изложба на рачно изработен накит, модни додатоци и облека, кои ќе може и да се купат. Билетите чинат 200 денари, а достапни се во кафулињата „Пабло“ и „Чакра“.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|