nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1492, 10.10.2008





     

ИСТОРИСКИТЕ ОТКРИТИЈА ОСТАВЕНИ НА ХОНОРАРЦИ
Невработени археолози ја прекопаа Македонија

Околу триста археолози, конзерватори и историчари на уметност, најчесто хонорарно, се вклучени во масовните археолошки ископувања на петнаесетте локалитети во земјава. Иако во сферата на културата, археологијата ја доби најголемата наклонетост на актуелната влада, сепак на нашите наоѓалишта работат истражувачи кои имаат и по неколкудецениско искуство, но ниту ден работен стаж. Нивните дневници обично се движат од 600 до 800 денари. Теракотните икони на Виничко кале со историска содржина, скулптурата на Венера од римско време во Скупи, златни монети со ликовите на Александар Македонски и Филип Втори во Неготино, царската гробница во Бонче, се дел од многуте извонредни годинешни пронајдоци на кои се гордее археолошката и историската фела. Наодите, како што потенцираа нашите научници, се од големо значење за македонската култура и историја и нив ги направи екипа која не доби соодветна сатисфакција за обемноста на својата работа. На локалитет Стибера во Прилеп, на пример, каде што по долга пауза, од пред еден месец повторно интензивно се ископува, во моментов работат четириесетина луѓе. Десетмина од нив се дел од стручниот тим, а само двајца се со решен работен статус. Останатите, пак, работат волонтерски или хонорарно. - Најголем број археолози се невработени. Тие работат од проект на проект, како ќе им се отвори шанса за работа. Би била многу среќна што побргу да се реши нивниот работен статус, бидејќи тие навистина го заслужуваат тоа - вели Лилјана Кепеска, раководителка на ископувањата во Стибера. Археолозите се незадоволни од фактот што ниту една влада досега немала сериозна стратегија за намалување на невработеноста во сферата на културата. - Имаме дипломирани историчари на уметност, археолози и конзерватори кои со години седат дома бидејќи немаат каде да работат. Сегашната влада има иницијатива за нивно активирање, претежно на археолошките локалитети каде што во моментов се вршат ископувања. Тоа е за поздрав. Но најголем број од нив се хонорарни работници, не се вработени. Имаме околу три илјади археолози и историчари на уметност кои седат дома и чекаат шанса за работа. Познавам луѓе кои магистрирале и докторирале на интересни теми од областа на археологијата, а буквално се на улица - коментира археологот Виктор Лилчиќ. Според него, целиот проблем лежи во тоа што на археолозите се уште се гледа како на чиновници кои треба да работат во некоја државна установа. - Местото на археолозите не е само во културните установи кои се во строгиот центар на градот, туку на објектите-музеи кои треба да ги има на секое наоѓалиште. Во овие музеи треба да се презентираат пронајдените артефакти, што е атрактивно и од туристички аспект, а така и профитот на музеите ќе биде поголем, што, пак, ќе овозможи зголемување на вработеноста - забележува тој. Оваа идеја, според Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство, е нереална и нема да го реши проблемот со вработување на археолозите. - Музеи во рамките на археолошките наоѓалишта може да добијат само поголемите локалитети. Засега, музејски згради на самите локалитети ќе добијат Стоби, Плаошник и Хераклеја, бидејќи се најатрактивни локалитети и бидејќи во нив има пронајдено најмногу артефакти. Ќе се изгради и музеј на теракотни икони во центарот на Виница бидејќи патот до локалитетот Виничко кале е непристапен - најавува Кузман. Кузман најавува дека нареднава година ќе се реализира проектот за вработување на 146 луѓе низ музеите во Македонија, што, според него, ќе ја ублажи состојбата со невработеноста во културата.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ДОДЕЛЕНА ВРВНАТА НАГРАДА ВО ЛИТЕРАТУРАТА
Французинот Ле Клезио - нобеловец

БИТОЛА
Доделени медали со ликот на Персеј


„Мара/Сад“ конечно во МНТ

ДПМ
Одбележан еден век од раѓањето на Рацин

ДОМ НА АРМ
Копаничарска изложба

  





Косово со задршка




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes