|
КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР
Промоција на „Превид“ од Тања Урошевиќ
Роман „Превид“ од писателката Тања Урошевиќ, кој неодамна го објави издавачот „Магор“, вечерва ќе биде промовиран во Салон 19,19 во КИЦ, од 19,19 часот. Делото третира актуелна тема: како во периодот на глобализација и нивелирање на вредностите да се сочува духовното, естетското. Тања Урошевиќ завршила Филозофски факултет, историја на книжевностите на југословенските народи. Работи како професор по македонски јазик и литература, а подоцна како новинар. Објавува преводи, приказни, осврти. Се ориентира кон преведување литература, главно, од руските класици: Н. Гогољ, А. Пушкин, Ф. Достоевски, Л. Толстој, А. Чехов и други. За преведувачката дејност е наградувана повеќепати, а е носител на наградата „Григор Прличев“ за животно дело. Објавува кратки раскази од периодиката, а во 2004 година го има издадено романот „Аквамарин“. Романот „Превид“ ќе го промовираат Маја Бојаџиевска и Благоја Иванов, извадоци од текст ќе интерпретира Симон Беличанец, а вечерта ќе ја збогати настапот на мецосопрнот Елена Ангеловска и на пијанистката Милица Шкариќ.
|