Претставата „Сомнително лице“ вечерва премиерно ќе биде
изведена во велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“. Режисер на
претставата е Стојан Стојановски, кој најавува ново читање на Нушиќ, каде што
љубовта ќе го победи сомнежот.
Главната улога на Јеротије ја игра Младен Крстевски, а
настапуваат и Кица Велјановска, Кети Борисовска, Лазе Манасковски, Александар Ѓоргиев,
Љубе Терзиев, Кирил Гравчев, Јордан Витанов, Едмонд Сотир, Ристо Мајсторов,
Самоил Стојановски и Спасе Петрушев.
Костимите за претставата ги изработи Тања Медарова
Стојановска, сценографијата е на Илија Настов, а изборот на музиката го направи
режисерот Стојановски.