nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 616, 29.01.2006





     

БУКАРО
Rock en Troll*

Алекс Букарски
 
Овдешните сериозни аналитичари имаат една лоша навика да прогласуваат дека владее апатија само во случаи кога гласачкото тело едвај успева да го надмине изборниот праг 50+1%.
 
Ете,токму таквата сеопшта апатија кон политичките збиднувања и останатите општествени состојби, како и високата недоверба кон медиумите ги натера некои од ТВ-уредниците да внесат промена во нивната досегашна разновидна програмска шема, креирана по проверениот терк од типот на сапуница-вести-сапуница-бајата филмска премиера за пред спиење.
 
Во потрага по анимирање на блазираните граѓани, тотално рамнодушни спрема тоа која политичка опција владее и ќе владее во иднина, повеќемина од нив решија да направат еден релативно интелигентен потег со тоа што некогашните радио контактни емисии ги префрлија на ТВ. Но, овојпат наместо лежерната културњачка атмосфера, која ја одолжуваше вашата потреба од сон, наидовме на телевизиски контактни емисии мутирани во еден вид изопачено караоке-шоу.
 
Емисиите се уредени со наџинџана сценографија, во која преовладува цинизмот на водителот, кој е хорски проследен со армијата кукачи кои редовно бараат да виси или да се линчува некој од големците на плоштад! Така се изнакотија оние јавувачи за кои ги позајмив сајбер-жаргонот - трол. Е сега главното прашање следи: како да ги препознаеме овие тролови?
 
Па, вака... Најпрвин, тролот зема редовно да ги крши стандардите на јавниот говор. Пцуе, вулгаризира, создава навредувачки генерализации. Честа практика му е да одбие да се легитимира со име и презиме и наместо тоа ја користи категоријата анонимен гледач. Таа алтернатива редовно ја злоупотребува и ја користи за клеветничко какање насочено со ритуалот на анатемисување, користејќи ги притоа вообичаените карактерни квалификативи од типот " крадач", "хохштаплер", "(веле)предавник" и слично.
 
Уште при самото јавување во емисијата, тролот веднаш ќе го препознаете, не само по тоа што нема јасна претстава што точно сака да каже, туку и по тоа што неумесно му поставува прашања на самиот водител.
 
Друга варијанта е кога тролот, повторно немајќи што да каже, се јавува само за да се "надоврзе" на некој претходен гледач. Прозваниот доаѓа повторно до слушалка и потоа слушаме серија реплики во текот на целата емисија (овој што се јави, оној што се јави - до бескрај).
 
Тролот редовно добива чувство дека е премногу ограничен во времетраењето на својот говор, иако самиот тој нема чувство кога му е доста. Не знам дали се зафркаваат или се сериозни кога после 10 минути труење во етерот ќе го завршат својот монолог со - сега им ќе им отстапам простор и на останатите гледачи?
 
Неретко ги гледате и во параноична офанзива, кога бараат виновници како тоа тешко добиле прилика да се вклучат во програма и како тоа од редакција форсираат одредени гледачи. Најчесто тролот е мажо во фамилијата, кој е втурнат во конфузни напади без идеја за паметна реч среде емисија, но за среќа во позадина настапува сопругата, на која и е дадена улога да ги суфлира на имињата на политичарите на кои мачо-патријархалецот истура сочни атентаторски закани (сето тоа на голема радост на сеирџискиот ТВ-аудиториум, кој се прпелка од смеа по семејните каучи). Имено, многу пати постои намерното поттурнување по рамо на самите тролови од страна на разни дилетантски водители, само емисијата да им добие на контроверзност и тоа според формулата - повеќе гледаност, повеќе спонзори, нулти етичност. За возврат тие поласканите тролови го уживаат статусот на "мислители" и на тој начин ги реализираат своите никогаш остварени политички/ораторски амбиции.
 
Сето ова горенаведено прави да се создаде една толпа редовни јавувачи, која ги обесхрабрува да се јават и да го кажат својот став оние граѓани кои умеат културно и артикулирано да ги произнесат своите гледишта и ставови за разни прашања. Последиците од дебилното третирање на жанрот контактни емисии ја руши нивната главна намена, да бидат сериозна јавност.
 
Наместо да бидат тоа и да имаат силно влијание за да ги изнесуваат на виделина проблемите со кои се соочуваат граѓаните, тие претставуваат визуелен хронотоп, каде што троловите и незаобиколните партиски војници (тролови од најлош вид) ја докажуваат љубовта спрема својот голем брат, безрезервната лојалност спрема партиската месна заедница и слично. Нам, драги читатели, по сиве овие анализи, не ни преостанува ништо друго освен уште вечерва да се забаракадираме во нашите удобни домашни фотелји, вооружени во едната рака со далечинскиот управувач а во другата со телефонот, па да се обидеме заеднички со културен и граѓански зрел говор да го истиснеме влијателното присуство на троловите во нашиот ТВ-етер.
 


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ВУНА
Отаде меѓата

  

    






















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes