nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 623, 05.02.2006





     

АЛЕКС БУКАРСКИ
Издржи па награди

Секоја година, па и така и оваа, „Утрински“ го организира доделувањето на кхм, кхм најпрестижната книжевна награда „Роман на годината“. А бе, срање. Деновиве го објавија и списокот со пристигнатите романи. На тоа списоче од автори преовладуваат типови за кои првпат слушам. Тоа, секако, не докажува дека овие автори се буљаши, неафирмирани, неквалитетни, туку дека се скромни, повлечени и дека не одат да пушат на одморите во школското веце и слично. Тие во стилот на писателите-револуционери за кои учевме на часот по литература, деноноќно се кријат по тавани, пишуваат на една свеќа, тивко, за да не ги чујат или евентуално прекажат другите. Го имам пред себе списочето со наслови и почнувам со обработка (за да ви олеснам, текстчето што следува ќе биде фрагментирано).
 
* „Дневникот на еден убиец“. Убиец? Мора да е интересно, демек? Е што помалку е занимлив дневникот на еден професор, доктор, автомеханичар или пекар?
 
* Добар наслов за оние што го мразат Скопје ми се виде оној на Данило Коцевски, „Пиколомини пред вратите на Скопје“. Иако мене поинтересно би ми звучело „Пиколомини пред вратите на бензинската во Скопје“.
 
* Владан Велков. Патриотизмот во мене ме навлече на насловот „Александар Македонски“ - оваа книга, си реков, неоспорно уште по насловот гарантирам дека ќе доживее неверојатен успех, кој ќе ја надмине посекако онаа трагична геј-верзија на Оливер Стоун. Посериозен хендикеп за овој наслов е што во Грција ќе треба да претрпи измени во „Александар Фиромски“.
 
* Наслов по кој викате уау е „Потрага по космосот“ на Андреј Илиевски. Значи не е по секс, пари, власт, туку космос. Ех, космос, имаше една продавничка за алкохол на времето со такво име. Да не е за неа, а? Треба да прашаме.
 
* Во купчето го гледам и „Пливање во прашина“ (работни верзии - „Скокање во магла“, „Лебдење во песок“) на мојот несуден издавач Исаковски. Аман бе, Игор пеер, да ме стават во литературна конкуренција со Стојан Андов има да си клам мускули на нозете и со трчање ќе се џитнам право у Вардар. Ми викаш „човек кога пишува (или што и да прави) има конкуренција од оние што пишуваат (или го прават истото што и тој)“. Врска бе нема ова. Лупаш. Појди море клока, види во Хрватска на пример, и ѕирни ја организацијата на тамошната книжевна награда на „Јутарњи“. Вкупно 12 наслови. Не 39. Се што нашле нашиве затуриле. Демек да добијат на квантитет сељаците.
 
* Викторија Гаго, „Секогаш Ирина“. Не можам да креирам иронија, бидејќи едноставно е глуп. Писателка го ставила... да беше машко и да ставеше таков наслов, ќе беше поинаку. Ако писател стави наслов со име на некоја женска, веднаш имајте предвид дека содржината е за некоја девојка што не била дарежлива кон писателот. Девојка што ја имаш онадено нема потреба да ја споменуваш во ниедна литература, освен пред другарите кога ќе се курчиш вака-така.
 
* Јован Ѓуровски, „Крвта вода не бидува“. Ахх, класика! Ме инспирира јас на мојата збирка што ја спремам (за која дечките од министерството просудија дека не и треба кеш) да и дадам наслов „Крвта вода бидува“ - од инает онака... пошто првото за разлика од второто на сите им е познато, а кој курац бе да читаш работи што веќе ти се познати?
 
* Јован Боцевски, „Мојата втора љубов“. Го заеба Миле Китич и неговиот кафански роман „Моја прва љубав - остала је краљица тротоара“.
 
* Чудна жена беше Вера Бужароска. „Господе, чувај ме од Интерпол“. Океј, кој ќе те чува од нашето МВР, а? Во тој контекст би смислил пародирачки наслов „Џанго, чувај ме од алфите“. Меѓутоа, што да се прави, батките од „Утрински“, на чело со Ѕвездан Георгиевски и компанија, досега не ме консултирале.
 
* Тихомир Стојановски, „Лицето на бога“. Бог имал лице? Првпат слушам. Единствениот Бог што некогаш сум го видел е легендарниот (сега веќе покоен) Ѓорѓи Колозов, во улогата на Дедо Боже со белите чаршафи.
 
* Еј, има и еден тип со иницијали З.Д. и прекар Пате („Пате е масовно на цело село?“), кој дал некој пубертетски наслов „Тајната моја само сонот ја знае“. Претпоставувам главниот јунак се месечари наоколу.
 
* Божин Павловски е тука исто... за кој Атанас Вангелов се уби пишење две тешки библии, во кое вели дека Божин препишува ко луд... Добро, да се држиме до „струката“. Божин дал наслов на својот 12?13?150-ти роман „Мирисите на доилката“. Не знам дали апла препишувал или не, ама за насловот гарантирам дека е негов. Сељачки е ептен.
 
* „Пределот со две годишни времиња“ битно отстапува од клишезираните наслови, како на оној глупакот Антонио Вивалди и неговиот циклус „Четири годишни времиња“.
 
* Миле Неделковски не заебал што наместо очекуваните 4 спомнал 2. За да ги пронајдете другите 2 веројатно треба да го исчитате романчето до крај, или така некако.
 
* И чек, уште една дама-писател? Лилјана Ефтимова и „Еднаш еден летач“. Веќе трета, четврта ми се чини, браво, браво, имаме жени-писателки, се гледа. Насловот ми делува океј на прв поглед, но на втор трезвено се прашувам: Летач? На што алудира? На пилот? На авион? На наркоман?
 
* Луан Старова. Академик кобајаги и член на веселото друштво непродуктивни старци МАНУ овојпат не не малтретира за козите у маало, туку напишал „Ервехе“. Ер-ве-хе? Ка-ге-бе? Циа!
 
* Дојдов до најбезобразниот, највулгарен, најконтроверзен наслов на роман што може да го понуди елитната македонска книжевна сцена, а тоа е насловот на романот „Лезбејка“ од некојси Томе Илиевски. Ќе речете, ех, па лезбејка? Познавам средношколка на која и се качуваат по тројца одеднаш, што е па толку контроверзно во „лезбејка?“ Па, луѓе, контроверзно жими се, како не, ама во сооднос со другиве наслови... запрете ако не ви е мака... „Кога полжавите летаа“, „Трите века“, „Чемерни судбини“, „Говинда, Анутам и храмот Џуху“... Крај бе, крај! Серка ме фати.
Сите македонски писатели што даваат вакви глупи наслови треба да ги стрпаме... во некоја јама... сосе нивните книги. Се зафркавам, бе. Еј, се зафркавам, иронично го кажав тоа. Би го избришал, ама бекспејсот не ми работи. Сега нема враќање назад.
Јас му предлагам на жирито да го употреби, а потоа и патентира следниот начин на проверка на квалитетите на еден факинг роман. Мојот принцип се вика издржи па награди. Седнува жирито, ги зема романите и почнува со читање: прва страница, втора страница, некој од нив стига до 15-та страница, друг до 28-та страница... По саати и саати читање, некој од позадина драматично ќе ѕифне - стигнав пеери до 80-та страница! Тој роман станува „роман на годината“.
 
ПС: Мојот фаворит е книжето на Стојан Андов „Стравот и љубовта“. Дајте му ја бе! Не за друго, не можам да го гледам веќе, ми здосади, а и така Андов целосно ќе и се посвети на книжевничката кариера и по 40 години минати на власт, конечно Македонија ќе здивне од неговите ангажмани и залагања за општо добро.
 
ППС: Очекувам реакции до Редакцијата во смисла: Еј, Букаро, зошто сите наслови не ги „обработи“? Немаше бе место за сите. Ама кој ве ...!
 


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

АНАСТАС ВАНГЕЛИ
Истај го Хитлер

  

























 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes